ПУ „Цветан Димов“ - Казандол
основно училиште во Македонија
Основно училиште „Цветан Димов“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Цветан Димов“ - Казандол; скратено: ПООУ „Цветан Димов“) — подрачно основно училиште во селото Казандол, претставува единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.[2][3]
Цветан Димов
| |
---|---|
во состав на ОУ „Јосип Броз Тито“
| |
Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Валандово |
Наречено по: | Цветан Димов |
Нас. место: | Казандол |
Адреса: | с. Казандол |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1945 |
Број на ученици: | 29 (2023/24)[1] |
Настава на: | турски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по македонскиот народен херој Цветан Димов.
Местоположба
уредиОбјектот на училиштето се наоѓа во самото село Казандол, на самото сретсело.
Историја
уредиСтарото училиште било изградено во 1936 година,[1] додека ново училиште било изградено во 2019 година.
Градба
уредиПовршината на објектот е 112 метри квадратни и се загрева со печка на дрва.[1]
Настава
уредиВо училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.[1]
Галерија
уреди-
Поглед на старото училиште
-
Спортското игралиште
-
Поглед на новото училиште
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Годишна програма за учебната 2023/24 г. ООУ „Јосип Броз Тито" - Валандово“. ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово. август 2023 г. Посетено на 20 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „За нас“. ООУ „Јосип Броз Тито“. Посетено на 20 јануари 2024.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-02.