Очајник
Очајник — слика на францускиот сликар Гистав Курбе насликана помеѓу 1843 и 1845 година. Тоа е автопортрет под цртите на млад човек кој има фиксиран поглед напред, со рацете в коси.
Творец | Гистав Курбе |
---|---|
Година | 1843-1845 |
Вид | Масло на платно |
Димензии | 45 см × 54 см |
Место | приватна збирка |
Опис
уредиДелото е автопортрет на Гистав Курбе прикажан анфас, во крупен кадар, со подотворена уста и поглед што нурнува во погледот на гледачот. Очите му се оџагарени, а двете раце како да му ја корнат косата. Бледилото на лицето е во контраст со црнилото на косата и брадата, сето тоа засилено со белината на кошулата.
Изворот на светлина доаѓа одозгора, одлево, и ги нагласува контрастите.
Историја на сликата
уредиВо текот на 1840-тите, Курбе остварил голем број портрети за пријатели, клиенти, а исто така и автопортрети, вклучувајќи го и оној наречен „со црно куче“ (1842). Тој го поминал своето време во музејот Лувр копирајќи ги Хосе де Рибера, Сурбаран, Веласкес и Рембрант[2] кои влијаеле на почетоците на неговата работа, како што се подоцна, во 1849 година, сликите од Златното доба на холандското сликарство : дваесет и петгодишниот уметник сè уште се бара себеси.
Се верува дека оваа слика (масло на платно, 45 x 54 cm) е остварена помеѓу 1843 и 1845 година, на почетокот на неговото живеење во Париз. Таа покажува „очајник“, но особено во полна младост.[3] .
Курбе бил многу приврзан за оваа слика затоа што ја зел со себе во егзил во Швајцарија во 1873 година. Неколку години подоцна, доктор Пол Колин покрај креветот на Курбе во текот на неговите последни денови, го опишал ателјето на сликарот и, поконкретно, „слика која го прикажува Курбе со очаен израз и која затоа ја нарекол Очај.[4]
Платното припаѓа на приватна инвестициска збирка, но била изложена во Музејот Орсе во 2007 година[5].
Анализа
уредиКурбе овде прифаќа формат на крајолик (хоризонтален и правоаголен), додека традиционално овој вид на слики користи формат на портрет (вертикален).
Романтичниот пристап кон портретот бил врзан за изразување на чувства. Овој портрет е дел од овој тренд и Курбе, дури и ако никогаш не се дефинирал како романтичен сликар, ги направил своите први слики под ова влијание[6]. Така, „Очајникот“ произлегува од главите на стереотипните изрази што доцните давидијанци ги злоупотребувале; но со својот енергичен стил, тој ги евоцира и шпанските сликари од Големиот век како Рибера и Сурбаран, кои Курбе потоа ги проучувал во Лувр.
Не се знае дали насловот на оваа слика го опишува очајот на ликот, а со тоа и на уметникот или се работи за теоретска вежба. Дали овој човек за кој се вели дека е вљубен во животот сакал да ја покаже својата темна страна, како што му открил на својот пријател и заштитник Алфред Брија во писмо: „Со оваа насмеана маска ме познаваш, во себе кријам тага, горчина и тага што се прилепува за срцето како вампир“[4].
Во 2012 година, сцената од филмот Associés contre le crime, со Катерин Фро и Андре Дисолие, јасно се однесува на оваа слика на Курбе.
Сликата е цитирана и во книгата на Жан-Кристоф Гранже со наслов Патник (Le Passager), во третото поглавје („Нарцис“).
Наводи
уреди- ↑ „The Man Mad with Fear“ (англиски). Посетено на 17/1/2022. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Musée Fabre“ (француски). Архивирано од изворникот на 2011-05-12. Посетено на 9 novembre 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Gustave Courbet - self-portraits“ (англиски). Посетено на 9 novembre 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 4,0 4,1 Sylvain Amic. Catalogue de l'exposition Courbet au Grand Palais 2007 (француски).
- ↑ dossier du Musée Fabre Montpellier réalisé par des élèves de terminale L (30.09.2013). „Gustave Courbet, un artiste engagé“ (PDF). document PDF: 22. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-09-30. Посетено на 2023-01-10. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Courbet, the desperate man“ (англиски). Посетено на 9 novembre 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Надворешни врски
уреди- Courbet sur le site du Musée d'Orsay
- Le désespéré: une courte vidéo sur Dailymotion
- Coli Jorge : « L’Atelier de Courbet », in : Art Absolument, automne 2007, Предлошка:Numéro,