Општина Ростуша
поранешна општина во Македонија
- За истоименото село, видете Ростуше.
Општина Ростуша — поранешна рурална општина во Македонија, основана во 1996 година,[2] а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога заедно со поранешната Општина Маврови Анови ја создале новата Општина Маврово и Ростуше. Седиште на општината било селото Ростуша.[2]
Општина Ростуша
денес дел од Општина Маврово и Ростуше | |
Некогашно општинско седиште | |
Грб | |
Општи податоци | |
Седиште | Ростуша |
Регион | Полошки Регион |
Основана | 1918, 1996 |
Службен јазик | македонски |
Демографија | |
Население | 9.451[1] жит. |
Населени места | |
Народности | Македонци, Турци, Албанци |
Самоуправа | |
Контактни податоци |
Територијата на општина се наоѓала во Реканскиот Регион. Најголема река во општината била Радика. Општината се граничела со: Општина Маврови Анови на север, Општина Зајас на исток, Општина Другово на исток и на југ, Општина Дебар и Општина Центар Жупа на југ и со Албанија на запад.[1]
Демографија
уредиСпоред последниот попис од 2002 година[1] општината имала 9.451 жител.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 мај 2020.
- ↑ 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.