Општина Зелениково
Општина Зелениково — општина во северниот дел на Македонија, во јужниот дел на Скопската Котлина. Таа е единствената општина во околината на градот Скопје којашто не се граничи со неговата територија. Општинско седиште е селото Зелениково.
Општина Зелениково | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Скопски | ||
Година кога е основана со закон | 1945 (како месен народен одбор), 1996 | ||
Седиште | Зелениково | ||
Населени места | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Коста Маневски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 176,95 км2 (68,32 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 3.361 | ||
• Густина | 19/км2 (49/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | zelenikovo.gov.mk |
Географија
уредиОпштина Зелениково е општина во северниот дел на Република Македонија, сместена во крајниот југоисточен дел на Скопската Котлина во близина на градот Скопје. Поточно општината Зелениково се наоѓа во горното Повардарие, во средото течение на реката Вардар во близина на сливот на Кадина Река и Пчиња. Територијата на општина Зелениково зафаќа површина од 176,95 km2. Општината Зелениково се граничи со 4 општини и тоа: Велес од југ и југоисток, Чашка од југ, Студеничани од запад и Петровец од север и североисток. Самата општина има изразит рурален карактер и во своите граници опфаќа 14 населени места, од кои сите селски населби. Населението на општина Зелениково брои 4077 жители, што во однос на големината на територијата на општината покажува дека општина Зелениково има густина на населеност од 23,04 жители на km2, што ја вбројува во редот на ретко населени подрачја. Седиштето на општината е во село Зелениково, а градоначалник е Коста Маневски.
Историја
уредиОпштина Зелениково е формирана како посебна општина во денешните граници со Законот за територијална организација на општините од 1996 година, а претходно била во рамките на Општина Кисела Вода и Општина Скопје во периодот на СФРЈ.
Со предлог Законот за територијална организација на општините во 2004 беше предвидено Општина Зелениково да се припои кон Општина Петровец, меѓутоа Општината Зелениково остана самостојна општина со поголеми можности за сопствен развој.
Стопанство
уредиНаселението во Општина Зелениково се занимава со примарни и секундарни стопански дејности. Најразвиено е земјоделството односно полјоделството и сточарството. Поради поволноста на теренот и високата плодност на земјиштето во пределот околу реката Вардар е најзастапено полјоделството, пред сè одгледувањето на житни култури (пченица, јачмен, овес, ’рж, пченка), градинарски култури (зелен пипер, домат, морков, кромид, лук, спанаќ, марула) како и индустриските култури (луцерка, фуражна пченка, детелина). Идеалните услови кои ги нудат ридските предели на општина Зелениково, последната деценија повторно го вратија и развија сточарството посебно козарството, по кое оваа општина е далеку позната, пред сè по прочуеното козјо сирење и млеко од неколкуте млекарници од Таор, Пакошево и Зелениково. Покрај козарството, доста развиено е и овчарството. Покрај земјоделството и сточарството развиено е и индустриското производство во прехранбената индустрија и фабриката за компјутерски микрочипови во село Орешани.
Демографија
уредиСпоред пописот од 2002 година, Општина Зелениково брои 4077 жители, чиј етнички состав е:[2]
- Македонци 2522 - 61,86%
- Албанци 1206 - 29,58%
- Турци 1 - 0,02%
- Роми 92 - 2,26%
- Власи 1 - 0,02%
- Срби 45 - 1,10%
- Бошњаци 191 - 4,68%
- останати 19
Вероисповед | Вкупно |
православни | 2.576 |
муслимани | 1.491 |
католици | 2 |
протестанти | 0 |
останати | 8 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 2.533 |
албански | 1.205 |
турски | 2 |
ромски | 90 |
влашки | 2 |
српски | 38 |
бошњачки | 10 |
останати | 197 |
Општествени установи
уредиВо општина Зелениково работи деветгодишно основно училиште „Марко Цепенков“ кое се наоѓа во Станица Зелениково. Во рамките на училиштето работат и градинка и библиотека. Во општината работат и јавна и приванти здравствени амбуланти кои се наоѓаат ов Станица Зелениково.
Самоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Зелениково е Коста Маневски од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Советот на општина Зелениково е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитости
уредиНа територијата на Општина Зелениково се наоѓаат повеќе културно-историски споменици и знаменитости. Во близината на селото Таор се наоѓа археолошкото наоѓалиште со остатоците од античкиот град Тауресиум во кој е роден византискиот цар Јустинијан I. Исто така во рамките на општината Зелениково се наоѓаат повеќе постари средновековни цркви и манастири меѓу кои: познатиот манастир „Свети Архангел Гаврил“ во селото Зелениково од XIV век, возобновен во 1845/46 година, манастирот „Свети Ѓорѓија“ и црквата „Воскресение Христово“ во Станица Зелениково, црквите „Свети Димитрија“ од XIV век и „Свети Илија“ од XVII век во селото Таор, а во Ново Село постои црквата „Свети Талеа“ од средновековието возобновена во 1896 година.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди„Општина Зелениково“ на Ризницата ? |
- Портал на Општина Зелениково
- Општина Зелениково во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |