Општина Белчишта
- За истоименото село, видете Белчишта.
Општина Белчишта — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога заедно со поранешната Општина Мешеишта и дел од територијата на Општина Охрид ја создале новата Општина Дебрца. Седиште на општината било селото Белчишта.[2]
Општина Белчишта
денес дел од Општина Дебрца | |
Поглед кон поранешната општинска зграда во Белчишта | |
Местоположба на поранешната општина Белчишта. | |
Општи податоци | |
Седиште | Белчишта |
Регион | Југозападен Регион |
Основана | 1913, 1996-2004 |
Службен јазик | македонски |
Демографија | |
Население | 2.940[1] жит. |
Населени места | 23
|
Народности | Македонци |
Самоуправа | |
Контактни податоци |
Територијата на општина се наоѓала во регионот Дебрца. Најголема река во општината била Сатеска. Општината се граничела со: Општина Мешеишта и Општина Косел на југ, Општина Делогожди и Општина Луково на запад, Општина Другово на север и Општина Сопотница на исток.[1]
Демографија
уредиЗаедно со Општина Мешеишта, Општина Белчишта според пописот од 2002 година го има следниот состав на население:[1]
Статистички податоци кои се водат и одделно за Општина Мешеишта и Општина Белчишта според пописот од 2002 година, етничкиот состав е следен:
Националност | Општина Мешеишта | Општина Белчишта |
Македонци | 2.403 | 2.921 |
Албанци | 153 | 0 |
Турци | 2 | 0 |
Роми | 0 | 0 |
Власи | 1 | 0 |
Срби | 2 | 6 |
Бошњаци | 0 | 0 |
останати | 6 | 13 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 7 август 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Општина Дебрца Архивирано на 19 август 2016 г.