Октант (соѕвездие)
Октант — е слабосјајно соѕвездие на јужното небо. Името нам латински јазик гласи Octans и означува една осмина од кругот, но именувано е според октантот, вид на навигационен инструмент. Соѕвездието било осмислено од страна на Никола Луј де Лакај во XVIII век.
лат. Octans | |
Кратенка | Oct |
---|---|
Генитивно | Octantis |
Симболизам | Октант |
Ректасцензија | 22 ч. |
Деклинација | −90° |
Квадрант | SQ4 |
Површина | 291 (°)² (50-то) |
Главни ѕвезди | 3 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 27 |
Ѕвезди со планети | 3 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 1 |
Најсјајна ѕвезда | ν Oct (3,73m) |
Најблиска ѕвезда | LHS 531 (28,11 сг, 8,62 пс) |
Месјеови објекти | нема |
Метеорски дождови | нема |
Соседни соѕвездија | Тукан Индијанец Паун Рајска птица Камелеон Маса Мала Водна Змија |
Видливо на ширина од +0° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец октомври. околуполарно. |
Октант е забележително соѕвездие бидејќи во истото е сместен јужниот небесен пол. За разлика од Северниот Пол тука нема светла поларна ѕвезда: Сигма Октант (σ Oct) е ѕвезда која може да се набљудува со голо око и е во непосредна близина на полот, но е со слаба сјајност со светлинска величина од 5,45 и поради тоа не нашла примена при одредување на насоката при навигација. Подобро соѕвездие за навигација било соѕвездието Јужен Крст, кое посочува кон полот.
Соѕвездието е околуполарно на јужниот небесен пол, и затоа може да се забележи на небото на јужната полутопка во секое предвечерие во секој месец од годината. Ректасцензијата и месецот кога може најубаво да се види се одредува според трите најсјајни ѕвезди, кои се искачени највисоко на небото за време на приквечеријата во месец ноември.
Поларни ѕвезди
уредиОктант е единственото соѕвездие кое го содржи Јужниот Пол на две различни планети од Сончевиот Систем, Јужниот Пол за Земјата е Сигма Октант, а Јужниот Пол за Сатурн е Делта Октант.
Историја и митологија
уредиОктант било создадено од Никола Луј де Лакај во 1759 година од слабосјајни околуполарни ѕвезди. Првично било познато како „Octans Hadleianus“ во чест на пронаоѓачот на октантот, Џон Хедли, во 1730 година. Со Октант не е поврзана никаква митологија, пред сè поради неговата јужна ширина.[1]
Ѕвезди
уредиОктант е многу слабосјајно соѕвездие, најсјајната ѕвезда е Ни Октант, со светлинска величина 3,8. Сигма Октант, јужната поларна ѕвезда, има светлинска величина 5,4 и е на растојание од 1 степен од јужниот небесен пол. Поради својот слаб сјај не можела да се користи во навигацијата.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Staal 1988, стр. 257.
- ↑ Staal 1988, стр. 258.
Надворешни врски
уреди„Октант (соѕвездие)“ на Ризницата ? |