Окапи
Окапи | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Жирафи |
Потсемејство: | Окапија |
Род: | Окапи Lankester, 1901 |
Вид: | O. johnstoni |
Научен назив | |
Okapia johnstoni (P.L. Sclater, 1901) | |
Ареал на распространување: темносина - денешна, светлосина - некогашна распространетост на окапито |
Окапи (Okapia johnstoni) е цицач кој припаѓа на семејството Giraffidae. Ги населува прашумите во северниот дел на Демократска Република Конго. Познат е по своите црно-бели ишарани нозе, како и по тоа што е најблизок роднина на жирафата.
Пред 1900 година, окапито не било познато на западниот свет и научниците. Официјално како вид е признато во 1901 година.
Изглед
уредиОкапи има темни влакна на грбот, со бели пруги кои се простираат долж предните и задните нозе. Овој склоп на бои се верува дека им помага на младенчињата во препознавањето на мајката во густите прашуми, а служи и како камуфлажа.
До своите рамења се високи од 1,5 до 2 метри, а долги од 1,9 до 2,5 метри. Должината на опашката изнесува 30 до 42 сантиметри. Тежината се движи од 200 до 250 килограми.
Историја
уредиОкапито било познато животно на старите Египќани. Пронајдени се древни изрезбани слики во Египет на кои е претставен лик на окапи.