ОУ „Кочо Рацин“ - Куманово
основно училиште во Македонија
За други значења на поимот, погл. ОУ „Кочо Рацин“.
Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Куманово; скратено: ООУ „Кочо Рацин“) — централно основно училиште во градот Куманово, Општина Куманово.[1][2]
Кочо Рацин
| |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Куманово |
Наречено по: | Кочо Рацин |
Нас. место: | Куманово |
Адреса: | ул. „Никшиќка“, бб |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1945 |
Директор: | Лидија Пешевска |
Број на ученици: | 1.268 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | ooukocoracinku.edu.mk |
Е-пошта | oukocoracin05@yahoo.com |
Телефон | 031/416-501 |
Факс | 031/416-501 |
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.
Историја
уредиУчилиштето започнало со работа во јануари 1945 година како прво училиште на македонски јазик во слободно Куманово под името Народно основно школо „Св. Климент Охридски“.[2]
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Кочо Рацин“ - Орашац, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Доброшане, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Биљановце, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Габреш, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Градиште, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Кочо Рацин“ - Кучкарево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-12.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „За нас“. ООУ „Кочо Рацин“. Посетено на 22 ноември 2023.