Нордхорн
Нордхорн (германски: Nordhorn) — град и административно седиште на округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Нордхорн
Nordhorn | ||
Панорамски поглед на градот | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Грофовија Бентхајм | |
Градоначалник | Томас Берлинг (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 149,64 км2 | |
Надм. височина | 23 м | |
Население | 55.242 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 369 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | NOH | |
Пошт. бр. | 48527–48531 | |
Повик. бр. | 05921 | |
Портал | www.nordhorn.de | |
Местоположба на градот Нордхорн во рамките на округот Грофовија Бентхајм | ||
Координати | 52°25′55″N 7°04′4″E / 52.43194°N 7.06778°E |
Се наоѓа во крајниот југозапад на покраината, сместен на реката Фехте. Градот е член на Еурегио, се граничи непосредно со Холандија и е недалеку од покраинската граница со Северна Рајна-Вестфалија.
Географија
уредиМестоположба
уредиГрадот се наоѓа во крајниот југозападен дел на Долна Саксонија, непосредно на границата со Холандија и околу 20 километри северно од границата со сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Поради својата географска местоположба, уште од средниот век градот се наоѓал на трговските патишта помеѓу Бремен и Амстердам.
Близок поголем град на холандска страна е Енсхеде, кој се наоѓа 28 километри југозападно од Нордхорн. На германска страна се Минстер, околу 78 километри југоисточно и Оснабрик, околу 80 километри источно.
Околината околу и во Нордхорн е определена од реката Фехте, езерото Фехте и каналите Југ-Север, Нордхорн-Алмело и Емс-Фехте.
Градско подрачје
уредиУрбаното подрачје на Нордхорн се состои од градското јадро и селата Брандлехт-Хеструп. Во подрачјето на површина од 25,3 км2 живеат околу 50.300 жители. Во Клаусхајде во една помала урбана област живеат околу 1.350 жители на површина од 0,96 км2.[2] Останатите жители се поделени на периферијата на површина од скоро 124 км2.
По дефиниција една урбана агломерација се смета за област со најмалку 1.000 жители и максимална оддалеченост од еден километар помеѓу деловите. Нордхорн е еден од малкуте градови во Германија, каде бројот на жители на агломерацијата е сличен со вкупниот број на жители. Вкупно живеат 53.711 жители на 149,69 км2.[3]
Градски единици
уредиГрадот се состои од седум единици, кои до 28 февруари 1974 година биле самостојни општини. Официјална градска поделба во статутот на градот не постои; табелата подолу се однесува на општините, кои биле припоени кон градот Нордхорн на 1 март 1974 година; бројот на жители е од 31 декември 2013 година.
Нордхорн може да се подели на градското јадро (Иненштат) и поранешните општини Алтендорф, Бакелде, Бокхолт, Френсдорф и Френсвеген. Во поранешните општини постојат и други места, како Бланке, Блумензидлунг, Бусмате, Дегфелд, Фелдфлур, Френсдорферхар, Нојберлин, Орде, Штатфлур, Штренг и Вермате.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 43 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 50.001 и 75.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[5]
Партии и листи | Удел | Места | |
---|---|---|---|
SPD | Социјалдемократска партија на Германија | 29,28% | 12 |
CDU | Демохристијански сојуз на Германија | 27,01% | 11 |
Grüne | Сојуз 90/Зелени | 13,64% | 6 |
B!FN | Граѓански форум Нордхорн | 13,48% | 6 |
FDP | Слободна демократска партија (Германија) | 5,82 % | 2 |
IPG | Иницијатива Про Грофовија | 4,88% | 2 |
AfD | Алтенартива за Германија | 3,80 % | 2 |
Linke | Левица (Германија) | 2,07 % | 1 |
Вкупно | 100% | 42 | |
Излезност | 48,92% |
Градоначалник
уредиГрадоначалник на Нордхорн е Томас Берлинг (SPD), чиј мандат започнал на 1 ноември 2011 година. На последните избори на 26 мај 2019 година бил повторно избран.[6]
Градоначалник | Период |
---|---|
Гилбертус Петрус Паулус Бауер | 1800–1812 |
Фридрих Антон Вебер | 1812–1821 |
Егберт Јохан Конрад Финке | 1821–1832 |
Јохан ван Алмело | 1832–1842 |
Фридрих Вилхелм Герхард Брил | 1842–1843 |
Ернст Хајнрих Фридрих Фирнхабер | 1843–1871 |
Дерк ван Делден | 1872–1897 |
Ернст Хајнрих Бајнс | 1897–1915 |
Герхард ван Делден | 1915–1919 |
Фридрих Фалзинг | 1919–1927 |
Вилхелм Хен | 1927–1933 |
Херман Корте | 1933–1934 |
Паул Герхарт | 1934–1945 |
Паул Древер | 1946–1948 |
Хајнрих Барлаге | 1948–1952 |
Герит Бринкман | 1952–1956 |
Бернхард Ополони | 1956–1961 |
Еберхард Лизе | 1961–1964 |
Вилхелм Буденберг | 1964–1972 |
Корнелиус Гемекер | 1972–1981 |
Вилхелм Хорстмајер | 1981–1986 |
Фридел Вите | 1986–1999 |
Мајнхард Хиземан | 1999–2011 |
Томас Берлинг | од 2011 |
Збратимени градови
уредиНордхорн е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Старото пристаниште
-
Поглед од Повелберг
-
Градската црква на плоштадот
-
Католичката црква
-
Манастирот Френсвеген
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Siedlung Klausheide
- ↑ urbane Agglomeration Nordhorn auf citypopulation.de, abgerufen am 21. März 2021.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
- ↑ „Bürgermeisterwahl Nordhorn 2019“. Votemanager. Посетено на 2019-05-27.
Надворешни врски
уреди- Нордхорн на Ризницата ?
- Матична страница (германски)