Ново Змирново
Ново Змирново − село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Ново Змирново | |
Координати 41°7′17″N 21°18′50″E / 41.12139°N 21.31389°E | |
Општина | Битола |
Население | 23 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 575 м |
Ново Змирново на општинската карта Атарот на Ново Змирново во рамките на општината | |
Ново Змирново на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиВо XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Змирново живееле 90 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Змирново имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бугарско Смирново се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 12 куќи.[4] Бидејќи ова издание е верен превод на оригиналот, уредникот се извинува што македонскиот народ таму е напишан како „бугарски“.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Турци.[5]
Според пописот во 2002, селото брои 41 жител, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | 48 | 158 | 167 | 171 | 157 | 164 | 72 | 60 | 41 | 23 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиНово Змирново е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Брановци (3 куќи) доселени се на средината од XIX век од селото Старо Змирново, они се основачи на селото; Штаковци (5 куќи) доселени се после родот Брановци од сега раселеното село Мечкарица, го знаат следното родословие: Диме (жив на 44 г. во 50-тите години) Никола-Стојче-Трајче, предокот кој се доселил во селото; Кутлешовци (8 куќи) и Ацевци (3 куќи) порано биле еден род, доселени се од некое село Кутлино во Мариово?. Можеби се однесува на селото Кутлешево во Прилепско; Магловци (4 куќи) доселени се од селото Лопатица; Милошевци (2 куќи) доселени се од некое село во Мариово; Гавазовци (2 куќи) доселени се од селото Стругово во Железник, они се најмлад род во селото доселени околу 1920 година.[11]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 200 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задруга.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[14]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква;
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Долни Висои> — населба од неолитско и бакарно време;
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис 2002 http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678