Новачки манастир
Новачки манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Новаци.[1]
Дворот на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Новачки манастир |
Други имиња | Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Рождество на Пресвета Богородица |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Место | |
Место | Новаци, Општина Новаци Македонија |
Координати | 41°02′42″N 21°26′19″E / 41.04500° СГШ; 21.43861° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конак, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Новачка парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа на левиот брег на Црна Река, непосредно откако од десната страна ја прима реката Драгор. Од селото Новаци е оддалечен околу 1 км.[2]
Историја
уредиМанастирот бил подигнат со изградбата на манастирската црква во 2006 година.[2] Осветувањето на црквата било извршено на 13 јуни 2009 година, на празникот Педесетница, од страна на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, кога и бил поставен камен-темелник за изградба на конакот.[3]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, конак и помошни објекти.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
уредиГрадбата на црквата претставува монументален крстокуполен храм со осум куполи покриени со бакарни плочи.[2] Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со полукружен мозаик на којшто е претстсавена Богородица со Исус.
Галерија
уреди-
Манастирската црква
-
Влезната порта од дворот на манастирот
-
Помошен објект
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 13. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Новаци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
- ↑ „Осветен нов манастирски храм посветен на Пресвета Богородица во с. Новаци“. МПЦ. 13 јуни 2009.
Надворешни врски
уреди- Новачки манастир на Ризницата ?