Никола Павловски
Никола Павловски (р. 15 август 1939 во Изглибе) — македонски архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ.[1]
Никола Павловски | ||
Роден | 15 август 1939 Изглибе, Грција | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | архитект |
Животопис
уредиПавловски е роден на 15 август 1939 г. во костурското село Изглибе, Егејска Македонија. Се иселува во Македонија како дете-бегалец од Грчката граѓанска војна (1946–1949). Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје во 1962 г. На факултетот предавал проектирање индустриски и стопански згради. Се занимава и со архитектонско проектирање на стопански, индустриски, станбени и деловни објекти.[1]
Учествувал и на анонимни архитектонски конкурси. Негови позначајни реализирани објекти се фабриката за медицинска пластика во Тетово (1986), поштите со АТЦ во населбите Зелен Рид и Карпош во Куманово (1994). Павловски се занимава и со научноистражувачка работа, посебно со проблемите на осветлувањето со дневна светлина во архитектонското проектирање. Автор е на бројни трудови.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „П“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1104. Text "series " ignored (help)