Николае Тимофти
Николае Тимофти (молдавски и романски: Nicolae Timofti; р. 22 декември 1948) — молдавски политичар и правник на функцијата претседател на Молдавија од 23 март 2012 г.[1][2] Пред да стане претседател, стоел на чело на Врховниот мировен судски совет на Молдавија.
Николае Тимофти Nicolae Timofti | |
---|---|
Претседател на Молдавија | |
На должноста | |
Стапил 23 март 2012 | |
Премиер | Влад Филат Јурие Љанка Кирил Габуричи |
Претходник | Маријан Лупу (вршител) |
Лични податоци | |
Роден(а) | 22 декември 1948 Чутулешт, Молдавска ССР |
Партија | независен |
Сопружник | Маргарета Тимофти |
Деца | 3 сина |
Установа | Државен универзитет на Молдавија |
Детство, младост и образование
уредиТимофти е роден во семејството на Елена и Василе Тимофри во Чутулешт, Молдавска СССР, СССР,[3] како едно од пет деца. На почетокот на 1949 г. потоа семејството се преселило во Флорешт, а истата година дедо му бил депортиран од советските власти во Амурската област, каде во 1953 г. починал.[4] Во 1972 Тимофти дипломирал на Правниот факултет при Државениот универзитет на Молдавија.[5]
Правни ангажмани
уредиПо дипломирањето, отслужил воен рок во траење од две години, па во 1976 г. почнал да работи како судија. Во 1990-тите бил клучен реформатор. Во 2005 г. е примен за член на Вишата судска комора, а во 2011 г. е назначен за претседавач на Врховниот мировен судски совет.[5]
Претседателствување
уредиСо доаѓањето на претседателската функција ја истакнал важноста Молдавија да продолжи со евроинтеграција[6] и нагласил дека земјата „нема друга иднина освен европска“.[5] Поранешниот в.д. претседател и сегашен претседател на парламентот Михај Гимпу се искажал дека Тимофти „...е прогресивен човек, [што] значи многу за Република Молдавија.“[5]
Личен живот
уредиТимофти е оженет со правничката Маргарета Тимофти и имаат три сина: Алексеј (р. 1977) — правник во Светската банка во Вашингтон, Нику (р. 1980) — спортски новинар во Кишнев и Стефан (р. 1989), кој е економист во Кишинев.[5]
Наводи
уреди- ↑ UNIMEDIA (16 March 2012). „Live text de la alegerea președintelui Republicii Moldova“. Unimedia (романски). Архивирано од изворникот на 2014-12-05. Посетено на 16 March 2012.
- ↑ Paul Ciocoiu (16 March 2012). „Cine e Nicolae Timofti, noul președinte al Republicii Moldova?“. EVZ (романски). Посетено на 16 March 2012.
- ↑ „Criza din R. Moldova s-ar putea încheia vineri cu alegerea lui Nicolae Timofti la preşedinţie“. Mediafax. 15 March 2012. Посетено на 16 March 2012.
- ↑ „Nicolae Timofti a fost votat Presidente al R. Moldova“. Timpul. 16 March 2012. Посетено на 21 March 2012.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „Profile: Who Is Moldova's New President-Elect?“. Radio Free Europe. 17 March 2012. Посетено на 21 March 2012.
- ↑ Washington Post, Moldova elects pro-European judge Timofti as president, ending 3 years of political deadlock Архивирано на 17 март 2012 г.
Надворешни врски
уреди„Николае Тимофти“ на Ризницата ? |
- Новости за Николае Тимофти Архивирано на 8 јануари 2014 г. (англиски)
- Николае Тимофти на Твитер