Никица Клинчарски
Никица Клинчарски (Берово, 5 јануари 1957) — поранешен југословенски фудбалер.
Никица Клинчарски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 јануари 1957 | ||
Роден во | Берово, НР Македонија, ФНРЈ | ||
Позиција | одбрана | ||
Младинска кариера | |||
ФК Малеш - Берово | |||
Партизан | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1976-1985 | Партизан | 219 | (17) |
1985 | Лас Вегас | 24 | (13) |
1985-1986 | Питсбург Спирит | 41 | (13) |
1986-1987 | Чикаго Стинг | 32 | (8) |
1987-1989 | Партизан | 42 | (0) |
1989 | Вестра Фрелунда | 16 | (0) |
1989-1991 | АИК Бачка Топола | ||
Репрезентација | |||
1980 - 1983 | СФРЈ | 8 | (1) |
Кариера
уредиИграл за белградски Партизан во два наврата (1975-85 и 1987-89) и по бројот на одиграни натпревари се наоѓа на трето место после Момчило Вукотиќ и Саша Илиќ. Одреден период бил и капитен на клубот. Како играч на Партизан има освоено две првенства (1973, 1983) и еден Куп на Југославија (1989).
Од 1985 до 1988 играл мал фудбал во САД во екипите Американс од Лас Вегас (1985), Питсбург Спирит (1985-1986) и Чикаго Стинг (1986-1987). После враќањето во редовите на Партизан (1987-1989) една сезона игра во Фролунда, Шведска, а играчката кариера ја завршува во АИК од Бачка Топола (1989-1991).
Играл за Југославија на олимписките игри во Москва 1980. Има 8 настапи за А репрезентацијата на СФРЈ и им постигнато еден гол.[1]
По кариерата како играч се посветил на работтата како тренер. Од 1994 работел како тренер во Младинската школа на Партизан. Од 1995 до 2000 бил селектор на кадетската репрезентација на Србија со која освојува четврто место на Европското првенство за кадети во Данска.[2]
Голови за репрезентација
уреди# | Датум | Место | Противник | Гол | Резултат | Натпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 22. март 1980. | Сараево | Уругвај | 1:0 | 2:1 | пријателски |
Успеси
уреди- Партизан
- Првенство на Југославија во фудбал (1977/78), Првенство на Југославија во фудбал (1982/83).
- Куп на Југославија во фудбал 1988/89.
Наводи
уреди- ↑ „(1980) Jugoslavija – Urugvaj 2:1“. reprezentacija.rs. 31 август 2019. Посетено на 31 август 2019.
- ↑ „Reprezentativci: Nikica Klinčarski“. reprezentacija.rs. 31 август 2019. Посетено на 31 август 2019.