Ние не сме ангели 2
Ние не сме ангели 2 е продолжение на филмот Ние не сме ангели . Како и во претходниот дел, режисер и сценарист е Срѓан Драгојевиќ .[1] Поголемиот дел од глумечката екипа е иста, со исти или слични улоги. Жанрот е дефиниран како тинејџерска комедија. Мирка Васиљевиќ дебитирала во филмот, во главна женска улога.[2]
„Ние не сме ангели 2“ | |
---|---|
Режисер | Срѓан Драгојевиќ |
Продуцент | Биљана Првановиќ, Срѓан Драгојевиќ, Жељко Митровиќ |
Сценарист | Срѓан Драгојевиќ |
Главни улоги | Никола Којо Мирка Васиљевиќ Срѓан Тодоровиќ Урош Ѓуриќ Милена Павловиќ Весна Тривалиќ Зоран Цвијановиќ Горан Јевтиќ Лука Кнежевиќ Предраг - Мики Манојловиќ Ненад Стојменовиќ |
Жанр | комедија |
Музика | Кристина Ковач |
Кинематографија | Душан Јоксимови' |
Монтажа | Марко Глушац |
Времетраење | 89 минутi |
Земја | Србија и Црна Гора |
Јазик | српски |
Претходен | Ние не сме ангели 1 |
Следен | Ние не сме ангели 3 |
Филмот Ние не сме ангели 2 е римејк на американскиот филм Таа е надвор од контрола од 1989 година.
Синопсис
уредиНикола и понатаму е заводник, иако годините го направија своето. Безгрижната рутина на белградскиот измамник драматично ја прекинува неговата сакана ќерка Софија, која штотуку полни 15 години, а „напалените“ тинејџери почнуваат да ѝ навалуваатна врата.
До неодамна, Софија беше класичен човек кој оди на натпревари со својот татко и пука во пејнтбол арената (татко и е сопственик на пејнтбол клубот „Малиот Сталинград“). Потоа, за 15 роденден, неговата поранешна сопруга Марина и нејзината пријателка Виолета Зубиќ ангажираат модни и козметички експерти кои „грдото пајче“ ќе го претворат во „секси лебед“.
Сепак, вистинскиот пекол за Никола доаѓа дури кога Марина и Виолета ќе заминат во Рим на една недела и ќе му ја препуштат грижата за Софија. Притиснат од многуте додворувачи, Никола почнува да полудува и користи трикови, насилство и психотерапија за да ја брани Софија од додворувачите.
Ќерката на Никола, Софија, 15-годишно девојче, почнува да покажува интерес за спротивниот пол, додека Никола, патолошки љубоморен татко, вложува максимални напори да ја заштити својата единица од какво било машко влијание и ги елиминира сите потенцијални кандидати не избирајќи средства. Се разбира, тоа не е воопшто лесно, особено што ѓаволот и ангелот повторно решија да се обложат на „среќен или несреќен крај“.[1]
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Никола Којо | Никола |
Мирка Васиљевиќ | Софија |
Лука Кнежевиќ | Марко |
Срѓан Тодоровиќ | Ѓавол |
Урош Ѓуриќ | Ангел |
Милена Павловиќ | Марина |
Весна Тривалиќ | Виолета |
Зоран Цвијановиќ | Ѓура |
Мики Манојловиќ | Милан |
Горан Јевтиќ | Андреја |
Ненад Стојменовиќ | Божидар |
Интересни факти
уредиНа кастингот за улогата на Софија била и популарната глумица Марија Бергам.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ми нисмо анђели 2“. Филмски центар Србије. Архивирано од изворникот на 2021-02-05. Посетено на 31 јануари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „SVE TAJNE SA SNIMANJA "MI NISMO ANĐELI 2" Mirka Vasiljević se za ulogu borila sa POPULARNOM GLUMICOM, a desio se i peh koji niko nije primetio“. blic. Посетено на 31 јануари 2021.
Надворешни врски
уреди- Ние не сме ангели 2 на сајтот IMDb (јазик: англиски)