Национален парк Хајних
Националниот парк Хајних (германски: Nationalpark Hainich), основан на 31 декември 1997, е 13. национален парк во Германија и единствен во Тирингија. Една од главните цели на паркот е заштита на тамошната букова шума. Во 2011 паркот бил додаден на списокот на праисториски букови шуми на Карпатите и во Германија, дел од светското природно наследство.
Национален парк Хајних | |
---|---|
Nationalpark Hainich | |
Дрвена патека низ шумата | |
Место | Тирингија, Германија |
Најблизок град | Бад Лангензалца |
Површина | 75 км2 |
Воспоставен(а) | 31 декември 1997 |
Управно тело | Nationalpark Hainich Bei der Marktkirche 9 99947 Бад Лангензалца |
Географија
уредиПаркот со површина од 75 км2 се наоѓа во западниот дел на германската покраина Тирингија, источно од реката Вера и е дел од поголемиот природен парк Ајксфелд-Хајних-Вератал. Се простира на поголемиот дел од триаголникот помеѓу градовите Ајзенах, Милхаузен и Бад Лангензалца. Националниот парк се создал околу јужниот дел на Хајних, најголемата постојана листопадна шума во Германија.
Флора и фауна
уредиШумите во Хајних вклучуваат широк спектар на букови шуми како јасики, јавори, габери и липи. Многу габи можат да се пронајдат, како и места со цвеќиња, особено барските кокичиња и анемоните. Животните во паркот ги вклучуваат дивите мачки, 15 вида на лилјаци, 7 вида на клукајдрвци и преку 500 вида на бубачки.
Заштита на екосистемот
уредиЦелта на националниот парк Хајних е да врати голем дел од шумата во Средна Европа на нејзината првобитна состојба. Паркот покрива површина која порано била користена за воени вежби, со околу 50 км2 листопадна шума. Во иднина, буковата шума треба да се простира на поголемиот дел од површината на паркот.
Галерија
уреди-
Центарот за посетители во Бад Лангензалца
-
Младински хостел на Харсберг
-
Влез во националниот парк во Лаутербах
-
Дрвена патека низ шумата
-
Габи на дрво
-
Graphosoma lineatum
-
Lilioceris merdigera
-
Rutpela maculata
Литература
уреди- Hainich Artenbuch – Tiere, Pflanzen und Pilze im Nationalpark Hainich, Verlag Rockstuhl, Bad Langensalza, 2005, ISBN 978-3-937135-37-3
Филмови
уреди- Nationalpark Hainich: ein Urwald in der Mitte Deutschlands. Documentary, 30 Min., Germany, 1999, by Peter and Stefan Simank, Production: Simank-Filmproduktion, Dresden. Summary by Mitteldeutscher Rundfunk
Надворешни врски
уреди„Национален парк Хајних“ на Ризницата ? |