Наско Џорлев
Наско Џорлев (1932 - 2006) — македонски музичар, водач на оркестар, продуцент, композитор на новосоздадени фолклорни песни и аранжер на македонски народни песни. Бил внук на националниот деец Христо Џорлев од Кукуш, соработник на Гоце Делчев, а татко на истакнатиот музичар Зоран Џорлев.
Творештво
уредиПесни
уредиНаско Џорлев компонирал и аранжирал голем број песни, кои ги исполнувале разни пејачи и групи:
- Цел ден стоиш несте на чардакот (заедно со Кирил Мицковски)[1]
- Кога стигнав во туѓина (заедно со Кирил Мицковски)
- Дебарца песна запеа (заедно со Кирил Мицковски)
- В туѓина е мојто чедо мило
- Стално на неа јас мислам
- Гина убавица
- Лулјела е Јана
- Ој, природо вечна убавице[2]
- Еден ми беше што ме љубеше
- В туѓина сум сама јас[3]
- Земи оган запали ме
- Рането срце (со М. Ангеловски)
- Убава си горо сестро
- Ти не знаеш момче (со Трајче Велјановски)
- Зашто не дојде ти (со Трајче Велјановски)
- Македонијо лична невесто
Плочи
уредиПесните на Наско Џорлев се застапени на повеќе плочи, како:
- Кирил Мицковски, Цел ден стоиш Несте на чардакот, Шумадија, EP-6016.
- Никола Бадев, В тугина е мојто чедо мило, Diskos, ЕДК - 5456.
- Петринка Костадинова, Ој природо вечна убавице, Diskos, NDK - 5137.
- Биолета Митева, В туѓина сум сама јас, Југотон, EPY-44507, 1972.
- Грозда Стоева, Дискос, NDK 5482
- Никола Кармзов, Црна се чума зададе, Југотон, SY-22026, 1972
- Живко Дуев, Отвори мајко, отвори, Дискос, NDK-5392.