Моклиште (село)
Моклиште — историско село во Кавадаречко, во атарот на денешното село Ваташа, Општина Кавадарци.
Моклиште | |
Воздушен поглед на местоположбата на историското село Моклиште | |
Координати 41°23′15″N 22°02′41″E / 41.38750°N 22.04472°E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Тиквеш |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1430 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 411 м |
Слава | Успение на Пресвета Богородица |
Моклиште на општинската карта Атарот на Моклиште во рамките на општината | |
Моклиште на Ризницата |
Денес, на местото на селото се наоѓа познатиот Моклишки манастир и истоименото езеро, но и се подигнати бројни викенд-куќи поради близината со градот Кавадарци.
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото се поврзува со изворот Млака,[2] бидејќи земјата околу него е секогаш мокра.[3]
Географија и местоположба
уредиДенес, местоположбата на историското село се наоѓа во непосредна близина на селото Ваташа, на десниот брег на реката Луда Мара.
Моклиште се наоѓало на ниска тераса од десната страна на Луда Мара (Велика), чија долина е длабоко всечена во Витачево. Од изворот Млак биле спроведени чешмите Пофла и Петковица.[2]
Селото има облик на јајце.[2]
Историја
уредиМоклиште е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Моклишко Кале непосредно до манастирот.[4]
Помеѓу Манастирска и Велика Река (Луда Мара) се издигнува ридот Град, на кој се наоѓаат руини. Ридот припаѓал на манастирот. Во минатото, во подножјето на Град се наоѓало селиштето Врчва, како и селиште Злешово (Горно и Долно).[2]
За првпат селото се споменува уште во XVI век кога кир Никола со своите четири сина од селото Тимјаник ја изградил манастирска црква „Св. Никола“ (1595 год.) на десната страна од Манастирска Река. Својата градба ја подарил на селата Моклиште и Дабниште. Кир Никола тогаш го имал сињорот на селиштето „Злешово“. Двете села биле сопственост на властелинската фамилија Дабижив.[3]
На селиштето Врчва постоела населба. При обработката на земјата од страна на селаните се откриени: венци од врчви, огништа со пепел, катови ѕидишта, остатоци од селска чешма со мрамор и слично. Додека во месноста „Градиште“ и „Солиште“ се откриени плочи со натпис, гробишта, статуи, најверојатно, од некоја римска или византиска населба. Веднаш каде што се спојуваат Манастирска Река и Велика се издига сртот „Градот“ каде што е откопан римски лагум.[3]
Веднаш над селото имало црква и до неа стaри гробишта. Според едно предание, токму кога неколку жени на Мртвен отишле да раздаваат за задушница кај црквата „Св. Атанас“ (денес постои ваква црква на еден од ридовите во селото), се струполил еден рид поклопувајќи го целото место со црквата, чешмата и жените. Водата со текот нa времето тука завирувала (оваа месност денс се вика „Езеро“). Подоцна кога се вршело ископување, се пронајдени остатоци од црквата, чешмата со дабовите корита и гробиштa. Под селото се наоѓал манастирот „Св. Петка“.[3]
Последните куќи се раселуваат од него по 1945 година, а денес само останала месноста и некои незначителни остатоци што укажуваат дека некогаш имало населба.[3]
Природна катастрофа
уредиКако последица на тектонското движење на земјата, во раните утрински часови на петти септември 1956 година, дошло до уривање на ридот „Градот”. Во оваа несреќа животот го изгубиле 11 вработени во земјоделските задруги од Ваташа, Дреново и Возарци и еден случаен минувач од село Долно Бошава, кој одел на пазар во Кавадарци. Во оваа трагедија биле затрупани и 1.200 овци и голем број грла крупен добиток. Огромно количество на земја и камен се спуштило кон реката Луда Мара, ја затворило долината на реката и создало природна брана, која денес се вика Моклишко Езеро.[5][6]
Денес
уредиДенес, Моклиште е познато излетничко и рекреативно место во Тиквешијата. Каде кавадарчани најчесто го слават 1 Мај. Поради широките и рамни тревнати ливади, близината на реката Луда Мара и споменикот на 12. убиени ваташки младинци, Моклиште исто така е и позното одредиште за екскурзии на основни и средни училишта од другите градови во Македонија.
Преку хидросистемот „Моклиште“, изграден во 1950 година, градот Кавадарци се снабдува со вода за пиење.
Во селото подигнат споменик на 12. младинци од Ваташа стрелани од бугарскиот окупатор во 1943 година.
-
Месноста „Градот“, во Моклиште во моментот на тектонската несреќа
-
Месноста „Градот“, во Моклиште по тектонската несреќа
Стопанство
уредиВо отоманскиот период, мештаните работеле како чифлигари. Околу изворот Млака имало бавчи, а на повисоките тераси се наоѓале винови лози. По Ослободувањето, мештаните ја откупиле земјата од Турците и се занимавале со земјоделство и сточарство.[2]
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Моклишта имало 140 жители, сите Македонци христијани.[7][8]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Моклишта (Moklišta) како христијанско село населено со Македонци.[7][9]
Родови
уредиМоклиште било македонско село, населено со доселеници, но денес не постои.
Според истражувањата од 1920-1924 во селото живееле следните македонски родови:[2]
- Староседелци: Петревци (1 к.), Тренчевци (1 к.) и Петковци (2 к.).
- Доселеници: Лазарковци (1 к.), доселени биле во 1860 година од селото Гарниково; Дрчевци (1 к.), доселени биле во 1860 година од селото Бунарче, а таму во почетокот на XIX век од селото Драчевица; Пеневци (1 к.) и Ширковци (1 к.) доселени биле во 1880 година од селото Гарниково; Грасковци (1 к.), доселени биле во 1890 година од селото Бунарче; Бошавци (1 к.), доселени биле во 1896 година од селото Долна Бошава; Андовци-Колчевци (1 к.) и Пановци (1 к.), доселени биле во 1902 година од селото Конопиште; Дуковци (2 к.), доселени биле во 1906 година од селото Бунарче; Серенковци (1 к.) и Биџовци (1 к.), доселени биле во 1916 година од мегленското село Зборско; Трајковци (1 к.), доселени биле во 1919 година од селото Горна Бошава; Миндевци (2 к.), доселени биле во 1920 година од селото Дабниште, каде се населиле во 1916 година од мегленското село Зборско.
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Моклиште било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[4]
- Валенција — некропола од доцноантичко време;
- Градиште — населба и некропола од доцноантичко време;
- Гркови Садеви — населба и некропола од доцноантичко време; и
- Моклишко Кале — градиште од железно и доцноантичко време.
- Цркви[10]
- Црква „Св. Никола“ — главната манастирска црква; и
- Црква „Св. Атанасиј“ — помала селска црква.
- Манастири
- Моклишки манастир — познат манастир посветен на Свети Никола, подигнат во 1595 година од страна на зографот Никола и неговите синови од селото Тимјаник.
Во Моклишкиот манастир во XVII век мошне успешно работи ќелијното училиште, а првите писмени луѓе во овој крај своето описменување го стекнале токму во овој манастирски комплекс. Манастирот имал богата библиотека која според Јордан Хаџи Константинов - Џинот, кој бил учител во селото Ваташа изнесувала околу 30 товари книги и ракописи. Со запустувањето на Полошкиот манастир монасите се преселиле во овој манастир и ја продолжиле својата работа.
- Споменици
- Споменик на 12. ваташки младинци — голем споменик на 12. ваташки младинци стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.
- Езера
- Моклишко Езеро — езеро создадено по тектонската несреќа
-
Црквата „Св. Атанасиј“
-
Моклишко Езеро
-
Манастирската црква „Св. Никола“
Редовни настани
уреди- Слави[2]
- Голема Богородица — селска слава додека постоело селото
Личности
уреди- Починати во Моклиште
- Ѓошо Бојаџиев (1892-1956) — македонски револуционер
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 410-411.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Селото Моклиште“. www.macedonium.org. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 153-154. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Кавадарци одбележува 67 години од тектонската несреќа кај месноста Моклиште“. kanal5.com.mk. 5 септември 2023.
- ↑ „Шеесет години од тектонската несреќа во кавадаречко Моклиште“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-06-19.
- ↑ 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Моклиште (село) на Ризницата ?