Модришка Река
Модришка Река — десна притока што реката Треска ја прима спротиводно на 62,2 км од својот влив. Извира од падините на Даутица, на надморска височина од 1.600 м,[1] а се влева на 515 м кај селото Модриште. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 11,5 км, минималната должина 9,2 км а коефициентот на развиеност е 1,25. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 1.085 м, а просечниот и изнесува 94,3‰.
Модришка Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Даутица, Порече |
• координати | 41°35′23″N 20°19′38″E / 41.58972°N 20.32722°E |
• надм. вис. | 1.600 м |
Устие | |
• место | Треска, с. Модриште, Општина Македонски Брод |
• координати | 41°38′24″N 21°14′32″E / 41.64000°N 21.24222°E |
• надм. вис. | 515 м |
Должина | 11,5 км |
Големина на сливот | 52,15 км2 |
Особености на сливот |
Вкупната должина на водоразделната линија на Модришка Река изнесува 33,5 км а сливот и зафаќа 52,15 км2 или 2,5% од вкупната површина на сливот на реката Треска.[1]
Течение
уредиРеката извира како Зли Дол од западните падини на Датутица и тече во североападен правец. Во селото Вир од левата страна го прима потокот Стрелов Дол и продолжува на северозапад низ тесната долина Лака, каде од десната страна ги прима Божин Дол и Текински Дол, а потоа, од левата, и Жешки Дол. Продолжува во ист правец, одминувајќи го возвишението Куклаица од левата страна и навлегува во селото Модриште, каде се влева во Треска како нејзина десна притока. По десетина километри, самата Треска навелегува во езерото Козјак.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.