Мишко Крстевски
Мишко Крстевски (р. Неготино, 21 јули 1963) — македонски фолк пејач на народна музика.
Мишко Крстевски | |
---|---|
Роден(а) | 21 јули 1963 Неготино |
Потекло | Македонија |
Жанрови | народна музика, фолк музика |
Занимања | фолк пејач |
Период на активност | 1991 - сè уште |
Кариера
уредиКрстевски своите професионални почетоци ги има на "Фолк Фест Валандово" во 1991 година со песната "Колку чини меракот". Потоа настапува на "Цветници" 1993 со "Замене си родена" и 1994 со "Ана Анита". Во 1994 настапува на "Фолк Фест Валандово" со "Љубов моја ранлива" и 1995 со "Нема да те преболам". Тој е редовен учесник и на фестивалите: Фолк Фест Роса, Тетовски фолк фест, Гоце Фест, Тумба фест, Охрид фест, Серенада Битола, Фолк Фест Валандово и други.
Неговата кариера ја одбележаа неколку големи хитови: За таа љубов да наздравиме, Дуњо моја, Запри запри виолино, Ти можеш се, Љубов моја ранлива и Ана Анита.
Во 2021 година прослави 30-години јубилеј на македонска фолк сцена, и по тој повод му излегуваат новите песни Да живее љубовта, Ех да си до мене и Само ти.
Крстевски е добитник на неколку награди, од кои: Во 1994 година, на Валандоно настапува со песната "Љубов моја ранлива", каде победува со прва награда од публика исто и во 1996 година, со "Зошто боже". Во 2023 година настапува на Фолк Фест Валандово со "Ема убава" каде победува на фестивалот со прва награда од жирито.
Надворешни врски
уреди- Профил на Мишко Крстевски Архивирано на 28 октомври 2023 г., Музички регистар
- Мишко Крстевски на Facebook - Фан страна
- Мишко Крстевски на YouTube.