Мирко Петров
Мирко Петров (роден на 1 ноември 1956 година) — поранешен македонски професионален фудбалер кој играл како напаѓач.
Мирко Петров | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 ноември 1956 | ||
Роден во | Скопје, ФНР Југославија | ||
Позиција | Напаѓач | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1977–1978 | Работнички | 30 | (6) |
1978–1981 | Тетекс | 81 | (15) |
1981–1983 | Хајдук | 4 | (0) |
1983–1985 | Пелистер | 69 | (41) |
1985–1987 | Вардар | 45 | (10) |
1987–1988 | Реал Бургос | 28 | (11) |
1988 | Вардар | 12 | (1) |
1988–1989 | Реал Бургос | 19 | (1) |
Кариера
уредиОткако играл за македонските второлигашки клубови Работнички и Тетекс, Петров се приклучил на реномираниот југословенски прволигаш Хајдук. Но, неговиот двегодишен престој во оваа екипа бил одбележан со мал број на настапи. Во првата сезона одиграл еден натпревар во националниот шампионат (против Вележ Мостар) по што бил суспендиран цела сезона бидејќи не бил уредно пријавен за Хајдук. Исто така, во текот на таа сезона играл и на натпреварот од УЕФА Купот против Валенсија. По заминувањето од Хајдук, тој станал важен дел од екипите Пелистер и Вардар. Со Вардар, тој го освоил Југословенското првенство во 1987 година,[1] пред титулата да му биде доделена на ФК Партизан откако нивното одземање на шест бода било поништено. Тој, исто така, заминал во странство да игра сезона и половина за шпанскиот второлигаш Реал Бургос.
Личен живот
уредиНеговиот син, Филип Петров е исто така фудбалер.