Милан Фирфов
Милан Фирфов (Скопје, 25 март 1943 - Скопје, 28 април 2012) — македонски музички работник, диригент, пијанист, оперски пејач - баритон и пензиониран редовен професор на ФМУ во Скопје. Фирфов е син на македонската оперска дива Данка Фирфова[1] и музичкиот деец Живко Фирфов[2].
Милан Фирфов | ||
Роден | 25 март 1943 Скопје | |
---|---|---|
Починал | 28 април 2012 Скопје , Македонија | |
Занимање | музички работник, диригент, пијанист, оперски пејач и универзитески професор |
Животопис
уредиФирфов е роден во Скопје, на 25 март 1943 година во видно музичко семејство. Дипломирал пијано кај А. Прегер, во 1969 и соло-пеење кај Н. Цвеиќ, во1970 година на Музичката академија во Белград, каде што ја стекнувал и титулата магистер по соло-пеење кај З. Зикова во 1974 година. Уметничката кариера ја започнал како солист во Операта на МНТ, а од 1969 година почнал да предава на ФМУ во Скопје како редовен професор. Приредил повеќе солистички рецитали и настапи во придружба на оркестар. Се занимавал и со музичка критика. Познат бил по многубројните солистички и концертни настапи на разни музички манифестации во Македонија и во странство. Има настапено и како фолк пејач на фестивалот за патриотски песни Гоце Фест. До своето пензионирање бил редовен професор на ФМУ во Скопје, кој предавал соло-пеење и клавир. По долго боледување, починал во Скопје на 28 април 2012 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ Мирјана Павловска - Шурајковска (2009). Данка Фирфова - монографија (македонски и англиски). Скопје: Дирекција за култура и уметност- Скопје.
- ↑ Dimitrije Buzarovski. „IRAM's CD Female vocal soloists from the Firfov Collection“ (PDF) (англиски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-07-03. Посетено на 2012-04-28.
- ↑ „Почина професор Милан Фирфов“. Дневник. 28 април 2012, 16:13. Архивирано од изворникот на 2012-04-30. Посетено на 2012-04-28. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)