Методија Штерјоски
Методија Герасимов Штерјоски ( 1917 во Кичево — 2 мај 1944 во Космај, Србија) — македонски активист, припадник на народното ослободително движење.[1]
Методија Штерјоски | ||
Роден | 1917 година Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 2 мај, 1944 година Космај, Србија. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо занимање бил шивач. Уште пред Војната, поради тешкиот живот, отишол на печалба во Белград - каде го затекнала окупацијата. Како напреден младинец учествувал во демонстрациите што ги организирала КПЈ, а подоцна станал ѝ член на СКОЈ. Пролетта 1944 година, барал врска да замине во партизани, но наишол на погрешна врска, паднал во непријателски раце и загинал на 2 мај 1944 година на Космај.[1]