Мелина Меркури
Мелина Меркури (грчки : Μελίνα Μερκούρη) била грчка глумица, пејачка и политички активист, родена на 18 октомври 1920. година во Атина, а починала на 6 март 1994. година во Њујорк. Била член на Хеленскиот парламент, а во 1891. година станала првата жена министер за култура во Грција. Како глумица најзапазената улога ја остварила во филмот Никогаш во недела. За оваа улога била номинирана за американската филмска награда Оскар во 1960. година.
Мелина Меркури Μελίνα Μερκούρη | |
---|---|
Melina Mercouri (in Stockholm, 1982) | |
Роден(а) | Мелина Амалија Меркури 18 октомври 1920 Атина |
Починал(а) | 6 март 1994 Њујорк, САД |
Занимање | актерка, член на парламентот, министер за култура на Грција |
Сопружник | Панос Харокопос (1941–62; разведена) Жул Дасен (1966–94) |
Меркури беше номинирана и за една награда Тони, три Златни глобуси и две награди БАФТА во нејзината актерска кариера. Во 1987 година таа беше наградена со специјална награда во првото издание на Театарската награда Европа.[1]
Наводи
уреди- ↑ „I Edizione“. Premio Europa per il Teatro (италијански). Посетено на 2023-07-11.
Надворешни Врски
уреди- Мелина Меркури на Семрежната филмска база на податоци (англиски)