Мајадаг
Мајадаг (грчки: Φανός, Фанос, до 1926 година Μαγιαδάγ, Мајадаг[2]; турски: Mаyаdаğ, Мајадаг) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на област Централна Македонија, Грција. Населението брои 95 жители (2021).
Мајадаг Φανός | |
---|---|
Џамија во Мајадаг во XX век | |
Координати: 41°07′N 22°47′E / 41.117°N 22.783°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Бојмица |
Надм. вис. | 294 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 95 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во североисточните падини на планината Пајак на 14 километри северно од градот Бојмица (Аксиуполи).
Историја
уредиВо XIX век Мајадаг е големо турско село во казата Аврет Хисар (Кукуш) на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Маада (Mааdа) е населба во казата Аврет Хисар (Кукуш) со 600 домаќинства, како и тоа дека жителите се 1.496 муслимани.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 година Мајадаг е село во гевгелиската каза со 3.200 жители Турци.[4]
Во 1913 година селото влегува во рамките на Грција. Населението се иселува во Турција и на негово место се населени Грци бегалци. Во 1926 година селото е преименувано во Фанос.[5] Во 1928 година целото село е бегалско со 146 семејства и 582 жители бегалци.[6]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μαγιαδάρ -- Φανός
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 168-169
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.152.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.