Мармара (езеро)
Мармара (турски: Marmara Gölü) ― езеро во покраината Маниса, западна Турција, граничи со областите Гелмармара на северозапад, чие име е вдахнато од езерото, а во поголем дел од Салили.
Мармара | |
---|---|
Езерото Мармара | |
Подрачје | Егејски Регион |
Координати | 38°36′52″N 27°59′01″E / 38.614377°N 27.983474°E |
Сливни земји | Турција |
Површина | 44,5 km2 (17,2 ми) км2 |
Надм. височина | 79 м (259 ст) м |
Езерото Мармара кое се наоѓа во алувијалната долина на реката Гедиз и на 79 м, е малку пониско од околните рамнини на реката (91 м), кај блиското средиште на градот Гелмармара).
Покрај тоа што е рекреативен центар за покраината како целина, Мармара е исто така важен извор за риболов и земјоделско наводнување и важна област за птици.[1]
Во раните фази на историјата на Анадолија, езерото било познато како место за одморалиште на Лидијците, на кратко растојание од нивниот главен град, и било наречено под различни имиња низ историјата, од кои најзабележителни биле „Езерото Гигес“ или „Гигеското Езеро“. и „Езерото Коло“ или „Езерото Колое“. Во близина се наоѓаат неколку археолошки наоѓалиште, вклучувајќи ги Сардис, Бин Тепе и Кајмакчи.