Марија Штериова
Марија Штериова — македонска ракометарка. Започнала да игра ракомет на 9 годишна возраст во своето основно училиште. По една година преминала во младинскиот тим на РК Еуростандард кај тренерот Боби Стефковски, во кој играла 3 години (од 2001–2004).
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Марија Штериова | ||
Роден(а) |
19 март 1991 Македонија | ||
Националност | Македонка | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1.78 м (5 ст 10 ин) | ||
Тежина | 67 Кг. | ||
Позиција | Лев Бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | ЖРК Кастамону | ||
Број | 99 | ||
Сениорски клубови | |||
2001–2004 2004–2006 2006–2008 2008–2011 2011–2012 2012–2014 2014–2015 2015 2015–2016 2016– |
Еуростандард ЃП Еуролинк ЃП Еуростандард ЃП Кометал ЃП Жито Прилеп ЖРК Вардар ЖРК ВАЦ ЖРК Фехевар ЖРК Волда Драмен ЖРК Кастамону | ||
Репрезентација | |||
Македонија | |||
Од 2004–2006 година игра за младинскиот тим на РК Еуролинк кај тренерот Дарко Панов, од кој за една сезона преминува во првиот тим на овој клуб.
Од 2006–2008 година игра за сениорскиот тим на РК Еуростандард ЃП кај тренерот Владимир Радиќ. Поради добрата игра потпишува договор на 4 години со РК Кометал Ѓорче Петров, но поради лошата финансиска состојба, клубот се распаѓа и во 2011 година, таа потпишува договор со РК Жито Прилеп каде што игра една година.
Има завршено спортска гимназија. Со сениорската репрезентација на Македонија настапи на ЕП 2012 во Србија.
Во летото 2016 година, Штериова потпишала за турскиот клуб ЖРК Кастамону.[1]
Наводи
уреди- ↑ Кастамону е новиот клуб на Штериова 7 јули 2016; sportmedia.mk