Марија Бибовска ( 1920 во Војводина — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Учествувала во НОД селото Волковија и била држена на поединечна врска од партиската ќелија од село Беличица. Вршела курирска дејност, пренесувала илегални материјали и илегалци меѓу селата Беличица, Волковија, Кракорница, Богдево. Во својот дом чувала илегалци, членови на Окружниот Комитет на КПМ. Активно работела на организирањето на жените и младината за учество во НОД. Во текот на 1943 година особено во август, повеќепати префрлувала партизански групи за селото Беличица и Рибница. Билa активна до ослободувањето на земјата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 994.