Лох
Лох (гел.: loch, или lough вон Шкотска) е водна површина која може да биде:
- езеро или;
- морски затон (долгнавест тесен залив), кој исто така може да биде и ферт, фјорд, утока или залив.
Тесниот морски затон се нарекува „морски лох“.
Етимологија и примена
уредиНазивот на оваа водна површина е од гелско[1] потекло и се применува за речиси сите езера во Шкотска како и за многу морски затони во западна и северна Шкотска. (Список ќе најдете на Список на лохови во Шкотска).
Во Ирска лохот е познат како „лок“ (Lough) и се употребува за разни водни површини. Вкави примери се Лох Неј, Лох Кориб, Лох Дерг и др. Истиот збор се употребува и во северна Англија.
Иако не постои строга дефиниција за големина, мал лох се нарекува „лохан“ (шкотски: lochan, ирски: lochán).
Веројатно најпознатиот лох во Шкотска е Лох Нес, иако има други големи лохови како Лох Ау, Лох Ломонд и Лох Теј.
Примери за морски лохови во Шкотска се Лох Лонг, Лох Фине, Лох Лини, Лох Ерибол, Лох Тристан, Трислох.
Исползување на лоховите
уредиНекои нови хидроакумулации за хидроенергија добиле верни имиња како природните водни површини - на пример акумулациите: Лох Слој, Лох Лох Лаган и Лох Трејг (дел од хидроенергетскиот комплекс Лохабер близу Форт Вилијам). Други површини се нарекуваат едноставно резервоари, как на пример: Блеквотерскиот Резервоар над Кинлохлевен.
Лохови вон Шкотска и Ирска
уредиБидејќи „лох“ е општ гелски збор, истиот го наоѓаме и во коренот на неколку мански топоними.
Во САД, военото пристаниште Перл Харбор кое се наоѓа на јужното крајбрежје на главниот хавајски остров Оаху, е еден од комплекс на затони. Неколку затони во овој комплекс се нарекуваат лохови - Југоисточен Лох, Мери Лох, Источен Лох, Среден Лох и Западен Лох.
Брентонскиот Лох на Фолкландските Острови е морски лох, близу Лафонија, Источен Фолкланд.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Зборот се употребува во следниве јазици: шкотски, ирски, мански and низински шкотски; покрај шкотскиот англиски, ирскиот англиски и стандардниот англиски јазик.
Надворешни врски
уреди- База на податоци за езерата во Британија (англиски)
- Прекрасна видеоснимка на Лох Морар, Шкотска (англиски)