Липов Дол
Липов Дол — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Липов Дол | |
Координати 41°42′25″N 22°14′44″E / 41.70694°N 22.24556°E | |
Општина | Штип |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30034 |
Липов Дол на општинската карта Атарот на Липов Дол во рамките на општината | |
Липов Дол на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа на територијата на Општината Штип, недалеку јужно од градот, во долината на реката Отиња. Селото е ридско, на надморска височина од 440 метри.
Атарот е мал и зафаќа простор од 6,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 402 ха, а на шумите и на обработливото земјиште отпаѓаат по 125 ха.[2]
Историја
уредиВо XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиската Империја.
Стопанство
уредиСелото има полјоделско-сточарска функција.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[3]
Липов Дол е мала населба, којашто е во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 89 жители, а во 1994 година, само тројца жители, македонско население.
На пописот од 2002 година, селото имало 2 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 67 |
1953 | 19 | — | — | — | 53 | — | ... | — | 72 |
1961 | 87 | — | — | ... | ... | — | ... | 2 | 89 |
1971 | 51 | — | — | — | ... | — | ... | 2 | 53 |
1981 | 8 | — | — | — | 2 | — | ... | — | 10 |
1991 | 5 | — | — | — | 1 | — | — | — | 6 |
1994 | 3 | — | — | — | — | — | — | — | 3 |
2002 | 2 | — | — | — | — | — | — | — | 2 |
2021 | — | — | — | — | — | — | — | — | 0 |
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 179.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |