Ливади (Лариско)
Ливади или Влахоливада (грчки: Λιβάδι; влашки: Livadi) — село во Лариско, Тесалија, во општината Еласона од Ларискиот округ, Грција. Населението брои 2.244 жители (2011), сочинето од Власи.[2]
Ливади Λιβάδι | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°8′N 22°9′E / 40.133°N 22.150°E | |
Земја | Грција |
Област | Тесалија |
Округ | Лариски |
Општина | Еласона |
Општ. единица | Ливади |
Надм. вис. | 1.160 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 2.244 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа високо во пазувите на планината Шапка, дел од поголемиот венец Камбуница, на надморска височина од 1.160 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Егејска Македонија, јужно од селото Фтери и југозападно од Свети Димитрија, обете во Катеринско.
Атарот зафаќа простор од 140,9 км2.[3]
Историја
уредиВо отомански пописен дефтер од 1521 година, селото се споменува како Ливади.[4] Денешното село било основано во XVII век од влашки сточари.[2]
Во XIX век Ливада бил влашки град во Еласонската каза на Серфиџенскиот Санџак. Жителите на селото земале активно учество во поддршката на грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908).[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ливадија се води како чисто влашко гратче во Еласонската каза на Серфиџенскиот санџак со 543 куќи.[6]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.723 жители.[7] Нивниот број во 1920 г. се намалил на 2.383.[8]
Стопанство
уредиНаселението традиционално се занмиава со сточарството.[2]
Самоуправа и политика
уредиОпштината Ливади била приклучена во 2011 година и станала дел од поголемата општина Еласона.
Селото припаѓа на општинската единица Ливади со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Еласона, во округот Лариса. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ливади, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Св. Бессребреници“ — изградена во 1760 г., прогласена за споменик на културата
- Црква „Св. Константин и Елена“
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — обновена во 1886 г., прогласена за споменик на културата
Манастири
- Манастир „Св. Троица“ — подигнат во XVIII век, прогласен за споменик на културата
Личности
уредиРодени во Ливади
- Агатангел Папагригориадис (1805 - 1887) — духовник, воденски и струмички митрополит на Цариградската патријаршија
- Георгакис Олимпиос (1772 - 1821) — учесник во Грчката војна за независност
- Димитриос Занас (1850 - 1915) — лекар, политичар и деец на вооружената пропаганда
- Димитриос Кивернидис (? - 1898) — лекар
- Дионисиј II Серфиџанско-кожански (? - 1815) — епископ на Серфиџанско-кожанска епархија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Λιβάδι“. Официјанлна страница на општина Еласона. Посетено на 2024-02-27.
- ↑ „Попис на населението во Грција од 2001 г.“ (PDF) (грчки). Национална статистичка служба. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21.
- ↑ Ünal, Uğur; Budak, Mustafa; Bayram, Sabahattin; Yıldıztaş, Mümin (2013). Özkılınç, Ahmet; Coşkun, Ali; Sivridağ, Abdullah (уред.). Osmanlı Yer Adları I: Rumeli Eyaleti (1514–1550) (турски). Ankara. стр. VII–VIII, 42, 540. ISBN 978-975-19-6238-6.
Livadi k., Alasonya n., Alasonya kz., Tırhala l.: TD 101/20
Занемарен непознатиот параметар|quote-page=
(help) - ↑ ΤΟ ΛΙΒΑΔΙ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 70.
- ↑ „Попис на населението на Грција од 1913 г.“ (PDF). Национална статистичка служба. Посетено на 2024-02-27.
- ↑ „Попис на населението на Грција од 1920 г.“ (PDF). Национална статистичка институција. декември 1920 г. Посетено на 2024-02-27. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)