Лепра
Лепра (од гр. λέπι, рибја кожа) е хронична инфективна болест позната од античко време.[1] Позната е и како Хансенова болест. Предизвикувач на оваа болест е бактеријата Mycobacterium leprae,[2][3] која денес може успешно да се лечи со антибиотици. Времето на инкубација на оваа болест трае од неколку месеци до 40 години. Лепрата не е лесно заразна болест. За да се пренесе од еден на друг човек потребен е долготраен контакт со заболен.
Лепра | |
---|---|
24-годишен маж од Норвешка, заболен од лепра, 1886 година. | |
Специјалност | Заразна болест |
Честота | Грешка во Lua во Модул:PrevalenceData, ред 28: attempt to perform arithmetic on field 'lowerBound' (a nil value) |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Симптоми
уредиСимптомите на лепрата варираат во голема мерка од пациент до пациент. Главниот симптом е умирање на нервите и промена на крвните садови поради згрутчување на крвта.[4] Заболениот губи чувство за ладно, топло и болка. Поради ова, заболените често се повредуваат и се инфицираат без да почувствуваат болка и потреба од лекарска помош. Лепрата не убива директно, туку смртноста е последица од ваквите секундарни инфекции.
Епидемиологија
уредиОваа болест сè уште не е искоренета, но е ограничена и е под контрола. Најголем број случаи на заболени од лепра денес има во Индија и Мјанмар. Лепрата е проблем и во Африка (Мозамбик, Танзанија) и Бразил. Годишно се регистрираат 230.000 до 270.000 нови случаи во светот (состојба од 2008 година).
Лепрата како мотив во уметноста и во популарната култура
уредиНаводи
уреди- ↑ Holden (2009). „Skeleton Pushes Back Leprosy's Origins“. ScienceNOW. Архивирано од изворникот на 2009-09-22. Посетено на 2010-01-31.
- ↑ Sasaki S, Takeshita F, Okuda K, Ishii N (2001). „Mycobacterium leprae and leprosy: a compendium“. Microbiol Immunol. 45 (11): 729–36. PMID 11791665. Архивирано од изворникот на 2009-01-13. Посетено на 2011-02-27.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „New Leprosy Bacterium: Scientists Use Genetic Fingerprint To Nail 'Killing Organism'“. ScienceDaily. 2008-11-28. Посетено на 2010-01-31.
- ↑ Kenneth J. Ryan, C. George Ray, editors. (2004). Ryan KJ, Ray CG (уред.). Sherris Medical Microbiology (4. изд.). McGraw Hill. стр. 451–3. ISBN 0838585299. OCLC 52358530 61405904 Проверете ја вредноста
|oclc=
(help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ DISCOGS, Dinosaur* – Dinosaur (пристапено на 30.7.2020)
- ↑ Discogs, Metallica – Master Of Puppets (пристапено на 17.1.2021)
Надворешни врски
уреди- Лепра на Ризницата ?
- Документарен филм за лепрата Архивирано на 22 август 2009 г. Netflix
Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |