Лекарственик
Лекарственик[1][2] или лековник[3][4] — стара ракописна книга со рецепти за лекови на народен јазик.
Историја
уредиЛекарствениците се посебен вид ракописи во кои е забележано тогашното познавање и практикување на народната медицина, како и за начините на лекување на одредени болести. Лекарствениците во Македонија се појавиле во 19 век, поголемиот дел се настанати во втората половина на 19 век, но и на почетокот на 20 век. Нивните содржини имаат големи сличности во содржината. Текстовите главно се пишувани на македонски народен јазик со употреба на кирилско писмо, со изразена дијалектна основа или само со јазични црти од различни дијалекти. Освен тоа, се забележува и употребата на грчки и турски поими при описот на болестите, билките, лекувањето, што ги поврзува со искуството од оваа област кај повеќе соседни народи. Овие лекарственици, кои содржат забележлива спонтаност во пишувањето и во изразувањето, се од големо значење за поткрепа на народниот јазик во 19 век. За нив својствено е упростувањето на графијата и нејзиното приспособување кон гласовниот систем на народниот јазик, во насока на создавање целосен и соодветен фонетски правопис и азбука за македонскиот јазик.[5]
Лекарственици
уредиНаводи
уреди- ↑ „лекарственик“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лекарственик“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лековник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лековник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ПИСМЕНОТО И КНИЖЕВНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО/РАКОПИСИТЕ НА СВЕТИ ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИ“ (PDF). Ѓоко Ѓорѓевски. Институт за македонска литаратура. 2022. Посетено на 9 јануари 2025.