Лажна месечина
Лажна месечина — односително светла прозрачна област на Месечевиот ореол. Настанува поради прекршување на Месечевата светлина во рамни шестаголни ледени кристали во пердувесто-слоевитите облаци. Лажните месечини се појавуваат десно и лево од вистинската Месечина на растојание од околу 22° од неа (полупречникот на нормален ореол).[1][2]
![](http://up.wiki.x.io/wikipedia/commons/thumb/0/0b/Moon_dogs_in_Didcot%2C_UK_in_October.jpg/220px-Moon_dogs_in_Didcot%2C_UK_in_October.jpg)
Тие се целосен аналог на лажни сонца, но се поретки, бидејќи за ова Месечината мора да биде светла, а со тоа и полна или речиси полна. Лажните месечини, како лажните сонца, се обоени: делот најблиску до Месечината е црвеникав, а далечниот дел е синкав. Но оваа боја доста тешко може да се забележи со окото, бидејќи светлината на лажната месечина одвај е доволна за да ги возбуди конусните ќелии — клетките на мрежницата што се чувствителни на боја.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Зверева 1988, Глава 6. Гало. Многообразие форм гало.
- ↑ „Definition of paraselene“. Collins English Dictionary.
- ↑ Lisle, Jason. The Stargazer's Guide to the Night Sky. стр. 83.
Надворешни врски
уреди„Лажна месечина“ на Ризницата ? |