Лагадинско Поле
Лагадинско Поле (грчки: Κάμπος του Λαγκαδά, Кампос ту Лагада) — рамница во Егејска Македонија, денес Грција.
Полето е долго околу 28 км во правец север-северозапад кон југ-југоисток, а широка е 10 км. Во средиштето се наоѓа градот Лагадина, а во јужниот дел на полесто е Лагадинското Езеро, кое преку кус канал се прелева во Бешичкото Езеро. Полето е заградено од солунското ридје од југоисток и од планината Круша од северозапад. Ридјето се сврзува со Круша и го дели коритото на реката Галик од Лагадинското Поле.
На почетокот на XX век Лагадинското Поле било населено со Македонци, но веќе половината биле погрчени.[1]
Полето е многу плодно, со ровка почва, и во него претежно се одгледува сусам, памук и житни растенија.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уредиОваа статија место во Егејска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |