Купувањето на Луизијана
Луизијана е територија на држава во САД која САД ја купиле од Франција во 1803 година за 15 милиони долари. Вклучувајќи ја каматата, САД на крајот платиле 23.213.568 долари. Оваа набавка го отворила пристапот на САД до Пацификот, поради што претставува еден од важните настани во историјата на САД и историјата воопшто во последните два века.
Позадина
уредиЕкономската состојба на американските доселеници кои од времето на револуцијата се движеле преку Апалачките планини до долината на Мисисипи зависела од извозот низ речниот систем Охајо - Мисисипи во Мексиканскиот Залив. Ова било единствениот практичен начин да се најде пазар за големо производство, но трговијата била попречена од присуството на Шпанците. Тие ја поседувале областа западно од Мисисипи, Њу Орлеанс и појасот што се протегал долж источниот залив, вклучувајќи ги и јужните делови на денешните држави Мисисипи и Алабама и цела денешна Флорида. Од 1795 година Соединетите Американски Држави имале право да испраќаат стоки преку Њу Орлеанс и да ги чуваат во ова пристаниште пред да бидат извезени, но по 1800 година овој деловен однос бил доведен во опасност.[1]
Во 1800 година Шпанија ја отстапила Луизијана на Франција во замена за воени бродови и територија во Италија. Луизијана била огромна област западно од реката Мисисипи, која се протегала на север и северозапад до канадската граница и Карпестите планини. Луизијана се простирала на територија од приближно два милиони квадратни километри и со 35.000 жители. Франција сонувала да ја основа својата империја во Новиот свет, а Луизијана да биде извор на снабдување од карипските острови богати со шеќер. Неколку години подоцна овој сон на Французите бил уништен. Од деведесеттите години на XVIII век, имало бунт на островот Санто Доминго. Робовите, кои сметале дека и тие треба да го добијат својот дел од слободата, братството и еднаквоста, се кренале против своите господари неколку години по 1800 година предводени од големиот водач Франсоа Доминик Тусен-Лувертир се спротивставиле на напорите на Французите да ја вратат контролата над Хаити. Жолта треска ја покосила француската војска во 1803 година. Наполеон бил подготвен да прекине за да спречи понатамошни загуби и да се повлече од сложената ситуација во Новиот свет.[1]
Преговори
уредиИако Франција во 1800 година не ја презела Луизијана од Шпанија во 1801 година, гласините за промена на сопственикот стигнале во Соединетите држави и веќе во 1802 година Томас Џеферсон знаел дека наместо слабата Шпанија, контролата над американските продажни места на Мексиканскиот залив ќе ја има Наполеонова Франција. Овој страв се зголемил во есента 1802 година со веста дека било суспендирано правото на држење стока во Њу Орлеанс. Иако овој чекор бил преземен од Шпанија, природно се претпоставувало дека Франција била одговорна за тоа. САД барале начин да ја стават пловидбата на Мисисипи под своја контрола. Населението во западниот дел на САД барало војна и окупација на Њу Орлеанс. За да избегне воена акција, Томас Џеферсон решил да се обиде да купи пристап до Мексиканскиот Залив. Џејмс Монро во 1803 година бил испратен во Франција каде што му се придружил на американскиот министер Роберт Ливингстон, со цел да го купи барем Њу Орлеанс, а ако е можно и Флорида. Ништо не било кажано за големата област на Луизијана, иако Џеферсон во тоа време јасно покажал интерес за оваа област испраќајќи ги Луис и Кларк да го истражат целиот запад сè до Тихиот Океан.[1]
Во Франција, Наполеон одлучил да ја продаде цела Луизијана. Од друга страна, Франција имала потреба да се ослободи од оваа колонија што ја добила од Шпанија само две години претходно со Договорот од Илдефонс (Луизијана била шпанска колонија од 1762 година), имајќи предвид дека Хаити прогласил независност од Франција, поради што на Франција и било невозможно да обезбеди добра одбрана на Луизијана од можната инвазија на Британците. Наполеон тогаш решил да ја продаде колонијата на САД бидејќи не сакал да ризикува да ја изгуби од Англичаните. Во 1803 година тој не сакал да испрати нова војска во Санто Доминго. Било јасно дека војната против Англија наскоро ќе биде обновена (Англија објавила војна во мај), а на Наполеон му биле потребни пари за европските кампањи и не можел да го брани Њу Орлеанс од британската флота. Иако американските пратеници биле овластени да потрошат најмногу 10.000.000 долари за Њу Орлеанс и Флорида, тие се согласиле да платат 15.000.000 долари за Њу Орлеанс и целата територија на Луизијана, а Флорида воопшто не била спомената. Кога Томас Џеферсон ја слушнал веста, тој се загрижил за уставноста на оваа спогодба, но владата го убедила да не бара уставни измени. Територијата на САД била речиси двојно зголемена и се создала основа за проширување на запад кон Тихиот Океан .
Иако парите кои САД ги дале не биле големи, за млада земја како САД во тоа време, тоа бил голем трошок (дури морале да се задолжуваат), но сепак ова купување се смета за најпрофитабилна деловна трансакција во историјата.[1]