Критериум ди Дофине 2019
Критериум ди Дофине 2019 — 71. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине, која се одржала помеѓу 9 и 16 јуни како дваесет и петти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 71. Критериум ди Дофине | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2019 2.UWT | ||
Етапи | 8 | ||
Датуми | 9 – 16 јуни 2019 | ||
Растојание | 1.202,1 км | ||
Држави | Франција Швајцарија | ||
Поаѓалиште | Оријак | ||
Одредиште | Шанпери | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 154 | ||
Возачи на крај | 106 | ||
Просечна брзина | 39,104 км/ч | ||
Official site | Official site | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Јакоб Фуглсанг (Астана Казахстан Тим) | ||
Второпласиран | Тиџеј ван Гардерен (ЕФ Едукејшн-ИзиПост) | ||
Третопласиран | Емануел Бухман (Бора-Хансгрое) | ||
Бодовен | Ваут ван Ерт (Џамбо-Висма) | ||
Планински | Жилијан Алафилип (Судал Квик-Степ) | ||
Младински | Бјорг Ламбрехт (Лото-Судал) | ||
Екипен | Астана | ||
◀2018 | 2020▶ | ||
Документација |
Критериум ди Дофине 2019 бил освоен од данскиот возач Јакоб Фуглсанг.
Екипи
уредиБидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Дополнително, четири професионални континентални екипи добиле специјални покани: Кофидис, Аркеа-Самсик, Витал Консепт-Б&Б Хотелс и Ванти-Гобер.[3] Вкупно настапиле 22 екипи, со седум возачи по екипа.[4]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
|
Фаворити пред трката
уредиКрис Фрум (Инеос Гренадиерс) бил фаворит за трката, освојувајќи три претходни изданија. Бранителот на титулата, Герајнт Томас, (Инеос Гренадиерс) не бил во главната група. Јакоб Фуглсанг (Астана), Ричи Порт (Лидл-Трек), Наиро Кинтана (Мовистар Тим) и Том Димулен (Тим ДСМ-Фирмених) биле сметани за најблиски соперници.[5]
Рута
уредиНа 25 март 2019 година, организаторите на трката ја објавиле рутата со презентација во Лион.[3]
Етапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 9 јун | Оријак – Жисак | 142 | Едвалд Боасон Хаген | Едвалд Боасон Хаген | |
2 | 10 јун | Морјак – Крапон сир Арзон | 180 | Дилан Тенс | Дилан Тенс | |
3 | 11 јун | Ле Пиј ан Веле – Риом | 172 | Сем Бенет | Дилан Тенс | |
4 | 12 јун | Роан – Роан | 26,1 | Ваут ван Ерт | Адам Јејтс | |
5 | 13 јун | Боен на Лињон – Воарон | 201 | Ваут ван Ерт | Адам Јејтс | |
6 | 14 јун | Сен Вилба – Сен Мишел де Мориен | 229 | Жилијан Алафилип | Адам Јејтс | |
7 | 15 јун | Сен Жени ле Вилаж – Ле септ Ло | 133,5 | Ваут Пулс | Јакоб Фуглсанг | |
8 | 16 јун | Клиз – Шанпери | 113,5 | Дилан ван Барле | Јакоб Фуглсанг |
Етапи
уредиЕтапа 1
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 2
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 3
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 4
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 5
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 6
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 7
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 8
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Завршен поредок
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Поредок
уредиНа Критериум ди Дофине 2019 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента. Временски бонуси биле доделувани на првите тројца на сите етапи освен на поединечниот хронометар: етапниот победник добивал 10 секунди, додека вториот и третиот добивале шест и четири секунди, соодветно. Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2019 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.[6]
Место | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
етапи 1–3 & 5 | 25 | 22 | 20 | 18 | 16 | 14 | 12 | 10 | 8 | 6 |
етапи 4, 6–8 | 15 | 12 | 10 | 8 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.[6] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[6]
Категорија | 1. | 2. | 3. | 4. | 5. | 6. | 7. | 8. | 9. | 10. |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Екстра | 15 | 12 | 10 | 8 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
Прва | 10 | 8 | 6 | 4 | 2 | 1 | ||||
Втора | 5 | 3 | 2 | 1 | ||||||
Трета | 2 | 1 | ||||||||
Четврта | 1 |
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со сина точкеста маичка.[6] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија.[6] Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.[6]
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка.[6] Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1994. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[6]
Етапа | Победник | Генерален пласман |
Бодовен пласман |
Планински пласман |
Пласман за млад возач |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Едвалд Боасон Хаген | Едвалд Боасон Хаген | Едвалд Боасон Хаген | Каспер Педерсен | Ваут ван Ерт | Ванти-Гобер |
2 | Дилан Тенс | Дилан Тенс | Алексеј Луценко | Астана | ||
3 | Сем Бенет | Ваут ван Ерт | ||||
4 | Ваут ван Ерт | Адам Јејтс | ЕФ Едукејшн Фирст | |||
5 | Ваут ван Ерт | |||||
6 | Жилијан Алафилип | Жилијан Алафилип | Бјорг Ламбрехт | |||
7 | Ваут Пулс | Јакоб Фуглсанг | Астана | |||
8 | Дилан ван Барле | |||||
На крај | Јакоб Фуглсанг | Ваут ван Ерт | Жилијан Алафилип | Бјорг Ламбрехт | Астана |
Список на учесници
уредиНаводи
уреди- ↑ „UCI reveal WorldTour calendar for 2019“. Cycling News. Посетено на 23 октомври 2018.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ 3,0 3,1 „Organisers announce 'new challenges' for 2019 Criterium du Dauphine“. Cycling News. 25 март 2019. Посетено на 18 април 2019.
- ↑ Артур Бренан, Мишел (9 јуни 2019). „Critérium du Dauphiné 2019 start list: Froome, Porte, Bardet & Quintana go head to head“. Cycling Weekly. Посетено на 9 јуни 2019.
- ↑ Лонг, Џони (9 јуни 2019). „Who are the bookmakers' favourites to win the Critérium du Dauphiné 2019?“. Cycling Weekly. Посетено на 9 јуни 2019.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 „Règlement“ [Regulations] (Portable Document Format). Критериум ди Дофине (француски). Amaury Sport Organisation. Посетено на 4 јуни 2017.
Надворешни врски
уреди„Критериум ди Дофине 2019“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Критериум ди Дофине 2019“. ProCycling.