Коритник
Коритник (албански: Maja e Koritnikut, српски: Коритник) — варовничка планина во североисточна Албанија и југозападно Косово[a], помеѓу градовите Кукуш и Призрен.[4] Целата јужна и југоисточна страна на масивот навлегува во областа Гора, населена со Македонци-муслимани (Горанци).[5] Висока е 2 393 м, мошне шумовита и целосно опкружена со ракавци на реката Бел Дрим. Одделена е од соседната планина Галица со Ванавската Клисура, долга 3,5 км, широка 30, а длабока околу 300 м.[6]
Коритник | |
---|---|
Maja e Koritnikut / Коритник | |
Поглед на Коритник со Паштрик во позадината | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2 396 м [1] |
Координати | 42°05′00″N 20°34′00″E / 42.0833° СГШ; 20.5666° ИГД |
Географија | |
Место | Кукушка област, Албанија Општина Драгаш, Косово[a] |
Матичен венец | Кораб[2] |
Геологија | |
Старост на карпата | тријас[3] |
Вид | варовник |
Природа и екологија
уредиМасивот спаѓа во балканскиот екорегион на широколисните и мешани шуми од умерените предели. Планинските падини претежно се прекриени со иглолисни шуми. На високите пасишта живеат дивокози.
Коритник е опфатен во Природниот парк „Кораб-Коритник“, кој пак е дел од таканаречениот Европски зелен појас. Планината е прогласена за важно растително подрачје од меѓународно значење.[7]
Истоимени природни места
уредиКоритник се нарекува и карстно-варовничкото поле на кое лежи селото Лазарополе во областа Мала Река, западна Македонија.[8]
Поврзано
уредиБелешки
уредиa. | ^ Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН. |
Наводи
уреди- ↑ „TREGUES SIPAS QARQEVE INDICATORS BY PREFECTURES“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-24. Посетено на 2011-01-12.
- ↑ „STRATEGJIA TERRITORIALE E NJËSISË VENDORE KUKËS“ (PDF). kukesi.gov.al. стр. 14. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-03. Посетено на 2019-04-04.
- ↑ Kosovo: Sehenswürdigkeiten und Schönheiten (Dr. Dragan Ćukić. изд.). Uros Maksimovic. стр. 11–12.
- ↑ Quaternary Glaciations - Extent and Chronology: Part I: Europe. Elsevier. стр. 383. ISBN 9780080540146.
- ↑ „Гора“. Македонска нација. 28 декември 2011.
- ↑ „Kanioni i Vanave“. akzm.gov.al (албански). Архивирано од изворникот на 2017-05-28. Посетено на 2019-04-04.
- ↑ МСЗП, Светски фонд за природа, Plantlife. „Важни растителни подрачја во јужното и источното Средоземје“ (PDF). portals.iucn.org. стр. 75.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (англиски)
- ↑ Коритник (9643575) — GeoNames
Надворешни врски
уреди- Коритник на Ризницата ?
- „10-12 февруари : Коритник (2393 м) – Косово“. ЗПСК „Макпетрол“. 16 декември 2016.[мртва врска] — репортажа од искачувачка експедиција
- „Коритник – срамежливиот убавец :: 10-12 февруари 2017“. ЗПКС „Макпетрол“. 13 февруари 2017.[мртва врска] — репортажа од искачувачка експедиција