Кнежевско Езеро

вештачко езеро во Македонија

Кнежевско Езеро (познато и како Езеро Кнежево) — вештачко езеро во близина на кратовското село Кнежево, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]

Кнежевско Езеро
Воздушен поглед на Кнежевското Езеро
Координати[http:https://geohack.toolforge.org/geohack.php?pagename=%D0%9A%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%95%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%BE&params=42_6_55_N_22_18_59_type:waterbody 42°6′55 N°22′18]
Видвештачко
Главни приливиЗлетовска Река
Главни истециЗлетовска Река
Сливни земјиМакедонија
Најг. должина3 км км
Најг. ширина150-200 м км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
0,8 км2 км2
Најг. длабочина70 м м
Зафатнина23.500.000 м3 км3

Браната на езерото е подигната на Злетовска Река.[1]

Местоположба

уреди
 
Каменонасипната брана на езерото

Акумулацијата се наоѓа во непосредна близина на Кнежево, сместено на голема надморска височина од 1.020 метри. Езерото е долго 3 километри, широко 150-200 метри и со најголема длабочина од 70 метри. Зафаќа површина од 0,8 км2.[2]

Самата околина на езерото е главно шумска и живописна. Над езерото се наоѓаат високите делови на Осоговските Планини, а низводно се наоѓа атрактивната клисура на Злетовска Река.[2]

Опис

уреди

Брана

уреди

Браната е каменонасипна со вкупна височина од 75 метри.[1]

Историја

уреди

Езерото е создадено со преградување на Злетовска Река со каменонасипна брана кај селото Кнежево во 2010 година.[2]

Употреба

уреди

Акумулацијата Кнежево било изградено најмногу за задоволување на потребите за водоснабдување на жителите на повеќе општини од Источниот регион, но во следните фази е предвидено акумулацијата да се користи и за наводнување и за производство на електрична енергија.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 „ФИЗИЧКО-ГЕОГРАФСКИ АТРАКТИВНОСТИ ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Посетено на 31 октомври 2022.

Надворешни врски

уреди

42°6′55″N 22°18′59″E / 42.11528°N 22.31639°E / 42.11528; 22.31639