Клепало (село)

село во Петричко, Пиринска Македонија

Клепало (бугарски: Клепало) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Клепало
Клепало is located in Бугарија
Клепало
Клепало
Местоположба во областа
Клепало во рамките на Пиринска Македонија
Клепало
Местоположба на Клепало во Општина Струмјани и Благоевградската област
Координати: 41°37′N 22°59′E / 41.617° СГШ; 22.983° ИГД / 41.617; 22.983
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСтрумјани
Површина
 • Вкупна9,882 км2 (3,815 ми2)
Надм. вис.&100000000000010530000001.053 м
Население (2024)
 • Вкупно15 [1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2837

Географија

уреди

Селото се наоѓа на Малешевските Планини, во непосредна близина на границата со Македонија, по северната долинска падина на малата десна притока на Клепалска река која тече источно од селото на југ, која се влева во Добрилашка река, река Лебница и Река Струма - чија десна притока е Лебница. Надморската височина во југоисточниот дел на селото е околу 1020 m, а на север и запад се искачува на околу 1080 - 1090 m.

Најблизок град до селото е Берово. Најблиски пирински села се Раздол (7 км), Добри Лаки (5 км), а пооддалечени се Цапарево (17 км) и Микрево (30 км). Градот Свети Врач (Сандански) е на растојание од 45 км, а Горна Џумаја (Благоевград) е на 85 км. Патот од Микрево за Клепало е во лоша состојба, но попроблематична е делницата Илинден-Студената Вода.

Третокласниот Републички пат III-1008 од село Струмјани води кон запад преку селата Микрево и Раздол до селото Клепало. Отстапувањата од овој пат водат до селата Цапарево и Горна Рибница.

Атарот на селото Клепало се граничи со атарите на: селото Горна Рибница на север; селото Раздол на север и исток; селото Добри Лаки на југ. На запад и север, земјата на селото Клепало се граничи со Република Македонија. Недалеку од селото, на самата македонска граница се наоѓа предвидениот граничен премин „Клепало“, кој уште во 1993 година е подготвен од македонска страна (асфалтиран пат и гранични објекти), но останал неостварен од бугарската.[3]

На атарот на Клепало има две микробрани.[4]

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Клепала (Klépala) било село со 6 домаќинства од 25 жители Македонци.[5][6] Во 1902 г. населението зело учество во Горемското востание.

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1922 година било отворено првото училиште.

Селото има една црква, „Свети Петар и Павле“, изградена по 1997 г. На 1 јануари 2018 година, населението броело околу 20 жители.

Население[5][7]

уреди
Население на Клепало по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 220 295 371 309 211 133 101 71 44
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[9]

Број на население
Вкупно 12
Бугари 12
Турци -
Роми -
Останати -
Не се определиле -
Без одговор -

Стопанство

уреди

Мештаните се занимаваат со земјоделство и сточарство.

Редовни настани

уреди

Селска слава е Петровден.

Занимливости

уреди

Ридот Клепало на Антарктичкиот Полуостров е наречен по селото.[10][11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. www.grao.bg
  2. Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
  3. 2011.08.10. Новите премини остареа неотворени. dnevnik.com.mk Архивирано на 21 септември 2011 г.
  4. Държавна агенция за метрологичен и технически надзор; язовири, село Клепало; към 2022 г.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142-143.
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Клепало, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  9. Попис на населението од 2011 година
  10. Справочник на българските географски имена в Антарктика. Комисия по антарктическите наименования. София, 2015.
  11. Klepalo Hill. Архивирано на 18 ноември 2015 г. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.