Киноверзум
Киноверзум е единствениот македонски ланец на кина[1]. Започна во 2019 година како кино кое се наоѓа во рамки на кампусот на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе. Киноверзум е првото и единствено универзитетско кино и прво 3D кино во Вардарскиот и Источниот регион на Република Македонија.
Историја
уредиЗапочнало со работа во декември 2019 година во Свети Николе. Основачот на киното, Михаела Ѓорчева, е единствената жена сопственик на приватно кино во Република Македонија, и е дел од листата на Forbеs 30 under 30 - Europe.[2][3] Во Киноверзум е прикажан и првиот македонски филм на Нетфликс, Сестри на Дина Дума[4].
Во 2023 ја отвори својата втора кино сала во Велес[5] и својата трета кино сала во Штип[6].
Во 2023 Киноверзум прерасна во првиот и единствен македонски ланец на кина[7].
Програма
уредиВо Киноверзум се прикажуваат светските премиери на филмови, и досега има прикажано повеќе од 200 филмови со над 2000 проекции. Во склоп на киното Киноверзум има свој ресторан и игротека.
Наводи
уреди- ↑ Lazarevska, Marina. „North Macedonia's First Cinema Chain Opens New Cinema in Veles - FilmNewEurope.com“. www.filmneweurope.com (англиски). Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „Forbes 30 Under 30 2022: Entertainment“. Forbes (англиски). Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „Mihaela Gjorcheva“. Forbes.com. Посетено на 7 октомври 2022.
- ↑ НМ (2022-02-03). „„Сестри" во Скопје, Св. Николе и во Охрид“. Нова Македонија. Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „ПО МНОГУ ДЕЦЕНИИ, КИНО ВО ВЕЛЕС“. Општина Велес. Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „Штип: После 20 години, Штип конечно ќе добие Кино“. Јавна Администрација (англиски). 2022-12-07. Посетено на 2023-02-01.
- ↑ Lazarevska, Marina. „North Macedonia's First Cinema Chain Opens New Cinema in Veles - FilmNewEurope.com“. www.filmneweurope.com (англиски). Посетено на 2023-02-01.