Карлос Алберто Вела Гаридо (роден на 1 март 1989, во Канкун) — мексикански фудбалер, напаѓач на ФК Лос Анџелес.

Карлос Вела
Лични податоци
Полно име Карлос Алберто Вела Гаридо[1]
Роден на 1 март 1989(1989-03-01)(35 г.)
Роден во Канкун, Мексико
Држава Мексико Мексико
Висина 1.78[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Лос Анџелес ФК Лос Анџелес
Број 10
Младинска кариера
2002–2005 Гвадалахара Гвадалахара
2005–2006 Арсенал Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2012 Арсенал Арсенал 29 (3)
2006-2007Селта Селта Виго 0 (0)
2006-2007Саламанка Саламанка 31 (8)
2007-2008Осасуна Осасуна 33 (3)
2011Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 8 (2)
2012-2018 Реал Сосиедад Реал Сосиедад 219 (66)
2018-2023 ФК Лос Анџелес ФК Лос Анџелес 152 (78)
2024 ФК Лос Анџелес ФК Лос Анџелес 0 (0)
Репрезентација
2005 Мексико Мексико 17 8 (5)
2007 Мексико Мексико 20 8 (0)
2007–2018 Мексико Мексико 72 (19)

Биографија

уреди

Карлос Алберто Вела Гаридо е роден на 1 март 1989 година во Канкун, Кинтана Ро, Мексико како дете на Енрике Вела, заварувач на железо од Кампече и Нела Гаридо, мајка-домаќинка од Табаско.[3] Неговиот татко играл полупрофесионален фудбал, но повредата предизвикана од скинати лигаменти го натерала да се пензионира. Токму таткото на Карлос го запишал во локалните фудбалски клубови. Неговиот прв клуб бил Ко Ча Волис,[4] што во превод значи „Шутни ја топката“ на мајански јазик. Тој научил многу и постигнал значителен развој и напредок во текот на времето поминато таму, според Феликс Алкала, неговиот тренер во тоа време.[3]

Во училиште, Вела играл и кошарка и фудбал истовремено, што предизвикало многу проблеми меѓу неговите тренери. Неговиот татко го натерал на 12-годишна возраст да одлучи и да се фокусира само на еден спорт, а Вела го избрал фудбалот. Енрике Вела бил фрустриран од фактот што неговиот син не бил скаутиран поради тоа што живеел во Канкун. Отприлика во исто време, Хосе Луис Реал од младинскиот систем на Гвадалахара испратил извидници во Канкун во 2001 година, на кои Вела им го привлекол вниманието. Тој бил повикан на младински турнир во Буенос Аирес со Гвадалахара како мал пробен период со неплатени трошоци.

Во 2003 година, за време на еден локален натпревар одржан во Сиудад Викторија, Вела бил виден и му биле претставени понуди од локални клубови од Примера Дивисион. Тој на крајот се приклучил за Гвадалахара во 2003 година, иако никогаш не добил повик во првиот тим на клубот, со што не можел да го направи своето професионално деби во Мексико.[3]

Клупска кариера

уреди

Гвадалахара

уреди

Кариерата на Вела започнала во Гвадалахара, каде играл заедно со неговиот брат Алехандро. Откако го освоил Светското првенство за играчи под 17 години со Мексико, на кое завршил и како најдобар стрелец со пет гола, Хорхе Вергара, сопственикот и претседател на Гвадалахара потпишал договор со него. Бидејќи семејството на Вела живеело тогаш во неодамна погодениот од бура Канкун,, тој побарал од клубот да им помогне на неговите да преселат како услов за неговиот потпис. Вела претходно ја покажал својата голема наклонетост кон својот татко, чиј роденден бил на денот кога Мексико го победил Бразил во финалето на Светското првенство У17, носејќи го пехарот на татко му на кого ја посветил и Златната копачка.[5]

Арсенал

уреди

По настапот на Светското првенство под 17 години, Вела го привлекол вниманието на неколку европски клубови, за на крајот Арсенал да излезе како победник во трката по него, обезбедувајќи го неговиот потпис во ноември 2005 година за обесштетување од 125.000 фунти, кои би се зголемиле на 550.000 фунти кога тој ќе одигра 50 натпревари за првиот тим.[6] Сепак, поради британските ограничувања за работна дозвола за личности кои не се граѓани на Европската Унија, тој не бил во можност да игра во Англија, па поради тоа, брзо бил испратен на заем во Селта Виго во февруари 2006 од каде се вратил подоцна без да одигра ниту еден натпревар.[7]

Саламанка и Осасуна

уреди

По завршувањето на сезоната со Селта, Вела потоа бил испратен на нов заем, овојпат кај Саламанка во шпанската втора лига, до крајот на сезоната 2006–2007.[8] Откако престојот таму се покажал како успешен, постигнувајќи осум гола, и учествувајќи во акциите за многу од 53-те постигнати голови на Саламанка,[9] голем број на клубови, од првата лига, како Леванте, Осасуна и Алмерија покажале интерес да го добијат Вела на заем од Арсенал, каде што тој сè уште не можел да игра бидејќи уште немал добиено работна дозвола.[10]

На крајот била договорена едногодишна позајмица во Осасуна, со опција за продолжување на уште една година, без опција трансферот да премине на трајна основа.[10][11][12] На 31 октомври 2007, тој го постигнал својот прв гол за Осасуна во натпреварот против Реал Бетис, изведба која му донела пофалби од шпанските медиуми.[13]

Враќање во Арсенал и заемот во Вест Бромвич Албион

уреди
 
Вела со Арсенал во сезоната 2008-2009

На 22 мај 2008 година, Вела конечно добил работна дозвола која му овозможила да игра во Англија. Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, потврдил дека Вела ќе биде вклучен во првиот тим за наредната сезона и дека гледал на играчот како напаѓач од калапот на Едуардо.[14][15] Вела го направил своето деби за Арсенал на 30 август 2008 година, во натпреварот од Премиер лигата против Њукасл Јунајтед, влегувајќи како замена за Робин ван Перси во 63-тата минута.

На 17 септември, тој дебитирал во Лигата на шампионите во натпреварот на гости кај Динамо Киев (1-1), одново заменувајќи го ван Перси на седум минути пред крајот. Дебито во почетната постава го имал на 23 септември 2008, против Шефилд Јунајтед во Лига купот, постигнувајќи хет-трик во натпреварот кој завршил со победа на Арсенал од 6-0, а неговиот втор гол бил изгласан како еден од „најубавите 50 гола“ на Арсенал.[16] Натпреварот останал запомнет и по тоа што настапил најмладиот тим во историјата на Арсенал досега, со просечна возраст од 19 години.[17]

На 8 март 2009 година, во натпреварот петтото коло на ФА Купот против Барнли, Вела го постигнал првиот гол за топџиите во победата од 3–0 погодувајќи ја мрежата откако претходно ја префрлил топката преку голманот на гостите.[18] Својот прв гол во Премиер лигата за Арсенал, го постигнал во победата со 3-0 на гостувањето кај Портсмут на 2 мај 2009 година,[19] станувајќи само вториот мексикански играч кој постигнал гол во Премиер лигата, по Џаред Боргети. Првата сезона во Арсенал ја завршил со 29 настапи и 6 гола во сите натпреварувања.

 
Вела во акција со Арсенал во 2010 година

Вела го пропуштил претсезонскиот подготовителен период на Арсенал за сезоната 2009–2010 откако доживеал повреда на зглобот поради која бил надвор од терените до септември. Тој се вратил во акција на 22 септември 2009, влегувајќи од клупата за резерви во победата на Арсенал со 2–0 над Вест Бромвич Албион во Лига купот, асистирајќи за првиот и одбележувајќи го вториот гол на топџиите. На 21 ноември, тој го направил својот прв настап за сезоната во Премиер лигата на гостувањето кај Сандерленд, играјќи 21 минута, откако го заменил Едуардо. На 10 декември, Вела го обновил својот договор со Арсенал.[20] На 4 мај 2010 година, Вела го одбележал својот 50-ти натпревар во дресот на Арсенал, во дуелот против Блекбурн Роверс. На 9 мај, тој го постигнал четвртиот гол во победата со 4-0 над Фулам во Премиер лигата.

Сезоната 2010-2011, Вела ја започнал добро постигнувајќи го првиот гол за сезоната во победата со 4-1 на домашен терен над Болтон Вондерерс на 11 септември 2010.[21] Четири дена подоцна, повторно влегувајќи од клупата за резерви, тој посигнал два гола гола, негови први во кариерата во Лигата на шампионите, во победата со 6-0 над португалската екипа Брага.[22] Сепак, како сезоната одминувала тој добивал се помала минутажа, што ги засилило шпекулациите дека наскоро ќе си замине од Арсенал.

На 28 јануари 2011 година, Вела му се приклучил на Вест Бромвич Албион на позајмица до крајот на сезоната 2010–2011. Тој го направил своето деби на 1 февруари 2011 година, во ремито 2–2 против Виган Атлетик, играјќи 58 минути од натпреварот.[23] Тој го постигна својот прв гол за дроздовите во неговиот трет натпревар за клубот, на 20 февруари 2011 година, против локалниот соперник Вулверхемтпон Вондерерс во дербито на црната провинција, влегувајќи од клупата за да го постигне израмнувачкиот погодок во 92-рата минута од натпреварот кој завршил 1-1. До крајот на позајмицата, Вела постигна уште еден гол за Вест Бромвич и пак во последните минути, од натпреварот против Стоук Сити за уште едно реми со резултат 1-1.[24]

Реал Сосиедад

уреди
 
Вела го лобува голманот на Леванте, Густаво Мунуа во 2012

На 15 август 2011 година, Арсенал објави дека Вела ќе биде позајмен на шпанскиот клуб Реал Сосиедад.[25] Договорот бил потврден на 17 август 2011.[26] На 4 декември 2011 година, Вела постигнал гол со удар со ножички, негов втор за сезоната, за да го израмни резултатот во натпреварот против Малага пред соиграчот Диего Ифран да постигне доцен победнички гол за победа на Реал Сосиедад од 3–2. Вела, исто така, го постигнал единствениот гол за Реал Сосиедад во поразот со 2–1 од Барселона, што бил негов трет гол за сезоната.[27]

На почетокот на февруари 2012 година започнале да се појавуваат гласини за иднината на Вела во Арсенал, тврдејќи дека тој самиот дека сака да остане во Шпанија со Реал Сосиедад. Вела е цитиран како вели: „Не сакам да се вратам во Арсенал. Го замолив мојот агент да преговара со Арсенал за да останам тука“.[28] Откако забележал над 30 настапи во сите натпреварувања и постигна 12 гола, во сезоната на заем, Вела направил перманентен трансфер во Реал Сосиедад на 17 јули 2012 година, за необјавена сума.[29] За време на сезоната 2012-2013, играјќи главно како десно крило, Вела успеал дури да ги подобри постигнувањата од претходната сезона постигнувајќи 14 гола на 35 настапи во шпанската Примера Дивисион.

Сезоната 2013-2014, била неговата најдобра во Европа; тој постигнал 16 гола во првенството, вклучително и четирите во победата со 4-3 над Селта Виго на 23 ноември 2013.[30] Тој, исто така, играл и во Лигата на шампионите, каде го постигнал и својот прв гол после три години, во поразот со 2-1 на гости кај Бајер Леверкузен во групната фаза.

На 10 април 2017 година, Вела го одиграл својот 200-ти лигашки натпревар за Реал Сосиедад во победата со 3-1 над Спортинг Хихон, со што станал втор странски играч со најмногу настапи за клубот зад Дарко Ковачевиќ.[31]

На 8 август 2017 година, Реал Сосиедад објавил дека постигнале договор со клубот од МЛС, ФК Лос Анџелес, за трансфер на Вела во САД на почетокот на 2018 година.[32]

На 20 декември 2017 година, Вела го одиграл својот последен натпревар за Реал Сосиедад, постигнувајќи го последниот гол во победата со 3–1 над Севиља.[33]

ФК Лос Анџелес

уреди

На 8 август 2017 година, било објавено дека Вела потпишал за Лос Анџелес, со што станал првиот назначен играч на новиот клуб член на МЛС лигата.[34][35] Тој му се приклучил на клубот во јануари 2018. На 4 март 2018 година, Вела го направил своето деби со Лос Анџелес, давајќи асистенција за голот на Диего Роси во победата на тимот со 1–0 над Сиетл Саундерс.[36] На 10 март, Вела го постигнал својот прв гол за Лос Анџелес, последниот во победата со 5–1 над Реал Солт Лејк.[37]

Репрезентативна кариера

уреди

Дебито за Мексико, Вела го имаше на пријателскиот натпревар во септември 2007 против Бразил. На 18 октомври 2007, тој го постигна првиот сениорски гол за Мексико, на пријателскиот натпревар против Гватемала кој се играше во Лос Анџелес. На 7 февруари 2008 беше стартер на пријателскиот натпревар против ОАД кој заврши 2:2, во второто полувреме беше заменет од Џовани дос Сантос. На 8 јуни 2008, Вела го постигна својот втор гол за Мексико на пријателскиот натпревар против Перу, во 20 минута со што му помогна на Мексико во победата од 4:0. На следниот натпревар за Мексико, квалификациски натпревар против Белиз, го постигна првиот гол на натпреварот. ВО вториот натпревар против Белиз повторно го постигна првиот гол, натпреварот заврши 7:0 во корист на Мексико.

Репрезентативни голови

уреди
# Датум Стадион Противник Гол Конечен резултат Натпреварување
1. 18 октомври 2007 Лос Анџелес, ОАД Гватемала 1:1 2:3 Пријателски
2. 8 јуни 2008 Чикаго, ОАД Перу 3:0 4:0 Пријателски
3. 15 јуни 2008 Хјустон, ОАД Белиз 1:0 2:0 Квалификации за Светското Првенство 2010
4. 21 јуни 2008 Монтереј, Мексико Белиз 2:0 7:0 Квалификации за Светското Првенство 2010

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 24 септември 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2006-2007   Саламанка СД 31 8 КШ 1 0 - - - - 32 8
2007-2008   Осасуна ПД 33 3 КШ 0 0 - - - - 33 3
2008-2009   Арсенал ПЛ 14 1 ФАКуп+ЛК 4+3 1+4 ЛШ 8 0 - - 29 6
2009-2010 ПЛ 11 1 ФАКуп+ЛК 2+2 0+1 ЛШ 5 0 - - 20 2
2010-јан. 2011 ПЛ 4 1 ФАКуп+ЛК 1+4 0 ЛШ 4 2 - - 13 3
Вкупно Арсенал 29 3 16 6 17 2 62 11
јан.-јун. 2011   Вест Бромвич ПЛ 8 2 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - 8 2
2011-2012   Реал Сосиедад ПД 35 12 КШ 2 0 - - - - 37 12
2012-2013 ПД 35 14 КШ 2 0 - - - - 37 14
2013-2014 ПД 37 16 КШ 7 2 ЛШ 8[38] 3[39] - - 52 21
2014-2015 ПД 29 9 КШ 1 1 ЛЕ 2 0 - - 32 10
2015-2016 ПД 35 5 КШ 1 0 - - - - 36 5
2016-2017 ПД 35 9 КШ 4 1 - - - - 39 10
јул.-дек. 2017 ПД 13 1 КШ 2 0 ЛЕ 2 0 - - 17 1
Вкупно Реал Сосиедад 219 66 19 4 12 3 250 73
2018   ФК Лос Анџелес МЛС 28+1[40] 14+0[40] УСКуп 2 1 - - - - 31 15
2019 МЛС 31+2[40] 34+2[40] УСКуп 3 2 - - - - 36 38
2020 МЛС 7+1[40] 4+0[40] - - КЛШ 5 5 - - 13 9
2021 МЛС 20 5 - - - - - - 20 5
2022 МЛС 32+3[40] 12+0[40] УСКуп 3 0 - - - - 38 12
2023 МЛС 34+4[40] 9 УСКуп 0 0 КЛШ 8 3 КЛ+КК 1+1 2+0 48 14
сеп.-дек. 2024 МЛС - - УСКуп - - - - - КЛ - - - -
Вкупно ФК Лос Анџелес 152+11 78+2 8 3 13 8 2 2 186 93
Вкупно во кариерата 483 162 44 13 42 13 2 2 571 190

Титули

уреди

Клупски

уреди

ФК Лос Анџелес

уреди
2022
2019, 2022

Репрезентативни

уреди
Мексико под 17 години
2005
Мексико
2009, 2015

Индивидуални

уреди

Белешки

уреди
  1. „FIFA U-20 World Cup Canada 2007 – List of Players“ (PDF). FIFA. 5 July 2007. стр. 14. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 December 2013.
  2. „Carlos Vela Profile“. Архивирано од изворникот на 2010-08-05. Посетено на 2012-07-21.
  3. 3,0 3,1 3,2 „La Historia en Verde“. Televisa. 27 June 2010. Архивирано од изворникот на 2023-04-26. Посетено на 1 February 2014.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Vela, una perla mexicana en la Concha“. Liga BBVA. 10 September 2013. Посетено на 1 February 2014.
  5. „Ramirez: "I didn't expect such a resounding victory". FIFA. 3 October 2005. Архивирано од изворникот на 25 July 2008. Посетено на 3 July 2008. I dedicate my goal tonight, and the trophy, to my father, because it's his birthday this evening.
  6. Northcroft, Jonathan (28 September 2008). „walter mazzari's generation game“. The Sunday Times. London. Архивирано од изворникот на 2020-01-26. Посетено на 28 September 2008. Contrary to reports that he cost £2.5m, Vela arrived for a £125,000 fee that will rise to £550,000 if he plays 50 first-team games.
  7. Vela poised for European stage, Fifa.com, via the Wayback Machine, 27 април 2006
  8. „El mexicano Carlos Vela, a un paso de llegar cedido al Salamanca“ [Mexican Carlos Vela, a step away from being transferred to Salamanca]. Diario Marca (шпански). 5 August 2006. Посетено на 1 August 2009.
  9. Darren Lewis (2007-07-13). „Jolly good Vela“. The Mirror. Архивирано од изворникот на 2008-07-26. Посетено на 2007-07-20. …setting up around half of their 53 goals last season and scoring eight in 31 appearances himself. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. 10,0 10,1 Fraser, Peter (5 August 2007). „Vela looks forward to loan“. Sky Sports. Посетено на 1 August 2009.
  11. „Jugará Carlos Vela con el Osasuna“ [Carlos Vela will play for Osasuna]. El Universal (шпански). 19 July 2007. Архивирано од изворникот на 22 August 2009. Посетено на 1 August 2009.
  12. Symcox, Jonathan (20 July 2007). „Premiership – Wenger denies Anelka interest“. Eurosport. Архивирано од изворникот на 13 August 2007. Посетено на 22 July 2007. Wenger has allowed Mexican teenager Carlos Vela, previously on loan at Celta Vigo and Salamanca, to join Liga club Osasuna on a season-long loan.
  13. Clark, Richard (16 ноември 2007). „Loan star Vela starts to sparkle in Spain“. Arsenal F.C. Архивирано од изворникот на 25 август 2010. Посетено на 1 август 2009.
  14. „Mexican striker Vela granted a work permit“. Arsenal F.C. 22 мај 2008. Архивирано од изворникот на 10 јули 2009. Посетено на 22 мај 2008. Arsène Wenger said: "Vela will be involved with the first-team next season. He has played the whole season at Osasuna on the left wing and he had to work hard there. But for me it is not his position, he is a central striker, an Eduardo type.
  15. Clark, Richard (23 септември 2008). „Wenger – Vela is so cool it makes me smile“. Arsenal F.C. Архивирано од изворникот на 19 април 2009. Посетено на 1 август 2009. Carlos can play central and wide as well. He's an Eduardo basically.
  16. „GGG29: Carlos Vela v Sheffield United, 2008“. Arsenal F.C. 23 јуни 2009. Архивирано од изворникот на 21 јули 2009. Посетено на 1 август 2009. Vela was at the forefront of the onslaught with a hat-trick on his first start for the Club. All three were fine strikes but his second was really special.
  17. Harris, Chris (23 September 2008). „Arsenal 6–0 Sheffield United – Match Report“. Arsenal F.C. Посетено на 1 August 2009. Nonetheless, with an average age of 19, this was still the youngest ever side to represent Arsenal.
  18. Clark, Richard (8 March 2009). „FA Cup: Arsenal 3–0 Burnley – Match Report“. Arsenal F.C. Посетено на 1 August 2009.
  19. Ornstein, David (2 May 2009). „Portsmouth 0–3 Arsenal“. BBC. Посетено на 16 August 2009.
  20. „Carlos Vela signs new long-term contract“. Arsenal F.C. 10 December 2011. Архивирано од изворникот на 13 December 2009.
  21. „Arsenal 4–1 Bolton“. BBC Sport. 11 September 2010. Посетено на 28 September 2010.
  22. „Arsenal 6 – 0 Braga“. BBC Sport. 15 September 2010. Посетено на 28 September 2010.
  23. „Arsenal's Vela agrees West Brom loan deal“. 29 January 2011. Посетено на 29 January 2011.
  24. „Carlos Vela strikes late to salvage point for West Brom“. 20 February 2011. Посетено на 20 February 2011.[мртва врска]
  25. „Vela Loaned Out“. BBC Sport. 15 August 2011. Посетено на 16 August 2011.
  26. "Vela: "Lo daré todo por la Real"". Real Sociedad Official Website. Retrieved 17 August 2011.
  27. „Carlos Vela“. Arsenal F.C. Архивирано од изворникот на 7 December 2011. Посетено на 2 November 2011.
  28. „Vela: Don't make me go back to Arsenal!“. Daily Mirror. 7 February 2012. Архивирано од изворникот на 10 February 2012. Посетено на 14 February 2012.
  29. „Arsenal's Vela signs for Sociedad“. BBC Sport.
  30. „Mexico's Carlos Vela nets four goals in Real Sociedad comeback victory“. Sports Illustrated. 23 November 2013. Архивирано од изворникот на 20 May 2014. Посетено на 23 April 2014.
  31. „200 Velas para Carlos en Anoeta“ [200 "Candles" for Carlos at Anoeta]. Mundo Deportivo (шпански). 9 April 2017. Посетено на 11 April 2017.
  32. „Principio de acuerdo para el transpaso de Carlos Vela a la MLS“ [Beginning of agreement for the transfer of Carlos Vela to MLS] (шпански). Real Sociedad. October 2016. Посетено на 8 August 2017.
  33. „Despedida feliz“ [A happy farewell] (шпански). Real Sociedad. October 2016. Посетено на 21 December 2017.
  34. Baxter, Kevin (11 August 2017). „Carlos Vela happy – but lonely – as LAFC's first designated player“. Los Angeles Times. Посетено на 5 March 2018.
  35. Abnos, Alexanders. „Carlos Vela Signs With LAFC as Club's First Designated Player“. Sports Illustrated. Посетено на 16 July 2018.
  36. „Valley News - Soccer Roundup: Expansion LAFC Wins MLS Debut“.
  37. Quillen, Ian. „Real Salt Lake 1, Los Angeles Football Club 5 2018 MLS Match Recap“. MLS Soccer. Посетено на 11 July 2018.
  38. 2 настапи во плејофот за Лигата на шампионите
  39. 2 гола во плејофот за Лигата на шампионите
  40. 40,0 40,1 40,2 40,3 40,4 40,5 40,6 40,7 40,8 Регуларна сезона+Плејоф.

Надворешни врски

уреди