Карбокатјон
Карбокатјон е јон со позитивно наелектризиран атом на јаглерод. Наелектризираниот атом на јаглерод од карбокатјонот има шест валентни електрони, поради што е многу реактивен. Во органската хемија, карбокатјоните често се цел на нуклеофилен напад на нуклеофили, како што се хидроксидните (OH−) и халогените јони.
Карбокатјоните се класифицирани како примарни, секундарни и терциерни во зависност од бројот на јаглеродни атоми сврзани за јонизираниот јаглероден атом. Примарните карбокатјони имаат еден C-атом поврзан за јонизираниот C-атом, секундарните имаат два, а терциерните три.
Стабилноста на карбокатјонот се зголемува со зголемување на бројот на алкил групи сврзани за јонизираниот C-атом. Терциерните карбокатјони се постабилни од секундарните; примарните карбокатјони се нестабилни.