Кара Ахматли
Кара Ахматли или Кара Аматли (грчки: Κοιλάδι, Килади, до 1926 Καρά Αματλή, Кара Аматли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Кара Ахматли Κοιλάδι | |
---|---|
Координати: 41°4′N 22°53′E / 41.067° СГШ; 22.883° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 258 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 140 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 10 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 258 метри.
Кара Ахматли опфаќа површина од 14 квадратни километри[3].
Историја
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кара Ахматли се состоело од 13 семејства и 32 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кара Ахматли имало 80 жители муслимани[5].
Во текот на Балканските војни, селото било опожарено од страна на грчките војски.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 81 жител, додека во 1920 година 81 жител Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било преименувано во Килади.[6]
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 56 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 149 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 215 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 219 жители, во 1971 година имало 169 жители, во 1981 година имало 151 жител, додека во 1991 година имало 148 жители[8]. Денеска, населението на селото е 140 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 149 | 215 | 219 | 169 | 151 | 148 | 140 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Κοιλάδι
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63–64.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-01.