Иранска Плоча

тектонска плоча

Иранска Плоча — мала тектонска плоча за која се смета дека лежи под Иранската Висорамнина. Ги опфаќа Иран и Авганистан, како и делови од Ирак и Пакистан. Притисната е помеѓу Арапската Плоча на југозапад, Евроазиската на север и Индиската на југоисток. Овој притосок веројатно е одговорен за мошне планинскиот терен на овие краишта, како на пример венците Алборз и Загрос.

Иранската Висорамнина под која лежи Иранската Плоча.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди