Извршен совет на Собранието на Македонија од 1986
Извршниот совет на Народното Собрание на СР Македонија од 1986 е последниот извршен совет на Социјалистичка Република Македонија. Формиран е на 28 април 1986 година.
Извршен совет на Глигорие Гоговски Гоговски | |
---|---|
17. извршен совет на СРМ | |
1986-1991 | |
Конституирана | 28 април 1986 |
Распуштена | 20 март 1991 |
Организација | |
Претседател | Глигорие Гоговски |
Историја | |
Избори | 1986 |
Претходен кабинет | Ставрев |
Следен кабинет | Кљусев |
Со уставните измени до 20 септември 1990, носителот на извршната власт, Извршниот совет на Собранието, се заменува со Влада на Социјалистичка Република Македонија. Со тоа Извршниот совет предводен од Гоговски е последна влада од тој облик во Македонија. По првите повеќепартиски избори, на 20 март 1991 година на местото на овој Извршен совет е избрана владата на Никола Кљусев.
Состав на Извршниот совет
уредиСоставот на Извршниот совет е следниот:[1]
- претседател Глигорие Гоговски
- членови:
- Зоран Костовски, републички секретар за народна одбрана
- Алексадар Андоновски, републички секретар за внатрешни работи
- Михајло Маневски, републички секретар за правосудство и управа
- Методија Тошевски, републички секретар за финансии
- Иван Митровски, републички секретар за општо-стопански работи и пазар
- Томислав Бундалевски, претседател на Републички комитет за енергетика, индустрија и малостопанство
- Богдан Тодоровски, претседател на Републичкиот комитет за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Срѓан Керим, претседател на Републичкиот комитет за економски односи со странство
- Томе Малевски, претседател на Републичкиот комитет за сообраќај и врски
- Андреј Токарев, претседател на Републичкиот комитет за градежништво, урбанизам и заштита на човековата околина
- Тито Беличанец, претседател на Републичкиот комитет за труд
- Милован Шиковски, претседател на Републичкиот комитет за здравство и социјална политика
- Саво Климовски, претседател на Републичкиот комитет за образование и физичка култура
- Радмила Кипријанова, претседател на Републичкиот комитет за наука, технолошки развој и информатика
- Борислав Наумовски, претседател на Републичкиот комитет за култура
- Милчо Балевски, претседател на Републичкиот комитет за меѓународни односи
- Мирко Миронски, претседател на Републичкиот комитет за информации
- Вера Терзиева-Тројачанец, претседател на Републичкиот комитет за законодавство и организација
- Најденко Поповски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
- Васил Влашки
- Владо Камбовски
- Илија Филиповски
- Икмет Крифца
- Вангел Арнаудов.
Реконструкции на Извршниот совет
уредиНа 27 април 1989 година на местото на Срѓан Керим и Владо Камбовски во Извршниот совет се избрани Борис Рикаловски и Јанко Обочки.[2]
На 28 септември 1990 година на местото на генерал-мајор Зоран Костовски за секретар за народна одбрана е избран полковник Ристо Дамјановски.[3]
Следниот месец, на 26 октомври 1990 година Борис Рикаловски е разрешен од функцијата секретар за односи со странство.[4]