Иван Липошлиев
Иван Т. Липошлиев исто така познат и како Липушлиев (Горно Порој, 25 јуни 1866 — Софија, 1945) — македонски револуционер и просветител, деец на Македонската револуционерна организација. Дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија.
Иван Липошлиев | |
---|---|
![]() Липошлиев во 1886 г. | |
Роден(а) | Иван Т. Липошлиев 25 јуни, 1866 Горно Порој, Отоманска Македонија |
Починал(а) | 1945 Софија, Народна Бугарија |
Установа | Солунска машка гимназија |
Животопис
уредиИван Липошлиев е роден во валовишкото село Горно Порој, тогаш дел од Отоманското Царство, денеска познато под хеленизираното име Ано Пороја. За неговото основно образование тој учи во родното село. Околу 1880-тите се преселува во Солун за да учи во Солунската машка гимназија. Во 1886 година завршува со неговото гимназиско образование како дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија.[1] После неговата матура се вработува како учител во Бугарската егзархија. Во 1890-тите се приклучува во комитетите на Македонската револуционерна организација во Горно Порој, Ресен, Крушево, Радовиш и Дедеагач.
Во учебната 1890/1891 година предава како професор во Серското егзархиско четирикласно училиште, но во второто полугодие дава отставка поради домашни причини.[2] Се вработува како учител во Дедеагач во учебната 1900/1901 година.[3][4] Станува член во Серскиот револуционерен округ на МРО. Поради неговите револуционерни активности тој е уапсан и затворен за 11 месеци во серски затвор.[5] Во учебната 1909/1910 година Липошлиев е назначен за главен учител во Петрич.[6] После се вработува како главен учител во Кукуш.[7] За време на неговиот престој во Кукуш тој е назначен за претседател на македонското османлиско гимнастичко здружение „Кукушки јунак“, основан во 1 април 1912 година, неговиот секретар бил Никола Терзиев.[8]
На 1 септември 1912 година Липошлиев е назначен за главен учител во Неврокоп, но поради балканските војни училиштето редовно било затворено, слична била ситуацијата и во Мехомија.[7] Умира во 1945 година во Софија, после нејзиното ослободување од страна на совиетската црвена армија. Неговиот син, Георги Липошлиев во 1933 година завршил право во Софискиот универзитет.[9]
Наводи
уреди- ↑ Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии) (PDF). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 88.
- ↑ Попстоилов, Антон (1910). „По възраждането на българите в град Сяр“ (PDF). „Архив на министерството на народното просвещение“. София. ІI (2, юни): 32.
- ↑ Пелтеков, Александър Г (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено издание. изд.). София: Орбел. стр. 262. ISBN 9789544961022.
- ↑ Караманджуковъ, Христо Ив (1934). Западнотракийскитѣ българи въ своето културно-историческо минало. Съ особенъ погледъ къмъ тѣхното политико-революционно движение. Книга I. Историята имъ до 1903 год. София: Библиотека „Тракия“ № 7, Издава Тракийскиятъ върховенъ изпълнителенъ комитетъ, Печатница Б. А. Кожухаровъ. стр. 251.
- ↑ Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 94. ISBN 954-9514-28-5.
- ↑ Тасев, Христо. „Борба за национална просвета в Мелнишкия край“. София, 1987, стр.169.
- ↑ 7,0 7,1 Цокова, Полина (2009). „Дейността на Неврокопската митрополия в периода на войните 1912–1919 година“ (PDF). Исторически преглед. София: Институт по история при БАН. 65 (1–2): 86.
- ↑ ДАА-ЦДА, ф. 367К, оп. 1, а.е. 3, л. 48
- ↑ Годишникъ НА СОФИЙСКИЯ УНИВЕРСИТЕТЪ, 1934.