Знаме на Шри Ланка
Знамето на Шри Ланка е националното знаме на Шри Ланка. Ова знаме се состои од златен лав на темноцрвена боја со меч во рака. До овој квадрат има две вертикални ленти во портокалова и зелена боја. Околу овие три ленти има жолта гранична лента. Ова знаме било усвоено во 1950 година по препорака на првиот премиер на Шри Ланка.
Употреба | граѓанско, државно и пловно знаме |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 22 мај 1972 |
Опис | Жолта гранична лента во која се наоѓаат црвен квадрат и две вертикални ленти во портокалова и зелена боја. На црвената лента има лав. |
Симболизам
уредиЗнамето на Шри Ланка ја претставува државата и нејзиното богатство. Симболизамот на елементите на знамето се:
Елемент | Симболизам |
---|---|
Лавот | Синхалезискиот народ |
Листовите бо | Будизам и влијанието на будизмот врз нацијата. Исто така означуваат: добрина, пријателство, среќа и смиреноста. |
Мечот на лавот | Независноста на нацијата |
Витканата коса на лавот | Религиозност, мудрост и медитација |
Брадата на лавот | Чистотата на зборовите |
Рачката на мечот | Елементите: вода, оган, воздух и земја |
Носот на лавпт | Интелигенција |
Предните шепи на лавот | Чистотата при ракување со богатство. |
Портокалова вертикална лента | Тамилскиот народ |
Зелена вертикална лента | Исламот во Шри Ланка и Морците |
Жолтата граница | Останатите ентитети кои живеат во Шри Ланка |
Основата | Останати религиозни групи и етнички заедници |
Поврзано
уреди
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Знамето опишано според уставот Архивирано на 14 август 2007 г.