Западноромански јазици
Западноромански јазици — крупна гранка на романските јазици во која спаѓаат галороманските и иберороманските јазици. Поделбата главно се заснова на употребата на „s“ за означување на множина. Категоризацијата е мошне проблематична, бидејќи оваа поткатегорија ги опфаќа шпанскиот и францускиот, но не и италијанскиот јазик, иако италијанскиот има многу поголема лексичка сличност и францускиот и морфолошкака сличност со шпанскиот.
Западноромански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Франција, Пиринејски Полуостров, северна Италија и Швајцарија |
Класификација: | индоевропски
|
Гранки: | |
Класификација на романските јазици |
Според заеморазбирливоста, Далби набројува дузина јазици: португалски, шпански, астурлеонски, арагонски, каталонски, гаскоњски, провансалски, галовалонски, француски, франкопровансалски, реторомански и ладински (не е исто што и ладино).[1] Овој начин на поделба е проблематичен, поради значително поголемата заеморазбирливост меѓу италските и ибериските (пиринејски) јазици, отколку меѓу нив и галороманските.[2]
Некои стручњаци ги вклучаваат и италодалматинските јазици (кладот западноиталски романски јазици, а други нив ги ставаат во источнороманските.
Сардинскиот јазик не спаѓа ни во источната, ни во западната гранка. Се претпоставува дека се одвоил уште пред да се случи оваа поделба.
Денес најзборувани западноромански јазици се шпанскиот (410 матични говорници), португалскиот (220 милиони матични говорници, и уште 45 милиони како втор јазик, претежно во Африка), францускиот (75 милиони матични говорници и уште 70 милиони како втор јазик, претежно во франкофонска Африка) и каталонскиот (7,2 милиони матични говорници). Шпанскиот и францускиот имаат доста говорници и во земјите каде тие јазици вообичаено не се говорат, или пак каде важат за лингва франка (на пр. францускиот во Западна Африка).
Галоромански
уредиЗа галоромански јазици се сметаат:[3]
- оилските јазици, каде спаѓаат францускиот, пикардскиот, валонскиот, лоренски и нормандскиот.
- арпитанскиот (франкопровансалски), кој има сличности со францускиот и провансалскиот дијалект на окситанскиот јазик. Некои го ставаат во оилските јазици.
Тука можат да се вклучат и:
- ретороманските јазици, каде спаѓаат ретороманскиот во Швајцарија, ладинскиот од подрачјето на Доломитите и фурланскиот во северна Италија. Ретороманските јазици можат да се класификуваат како галоромански или како посебна гранка на семејството на западнороманските јазици.
- окситанско-романските јазици од јужна Франција и источна Иберија, каде спаѓаат окситанскиот и каталонскиот. Окситанско-романските јазици можат да се сметаат за галоромански, ибероромански, или пак за самостојна гранка на западнороманските јазици.
- окситанскиот со своите дијалекти како провансалскиот и гаскоњско-аранскиот.
- каталонскиот, во својот стандарден облик и валенсискиот говор. Се накрекуваат источноибериски јазиви.
- галоиталските јазици, во кои спаѓаат пиемонтскиот, лигурскиот, ломбардскиот, емилијанскоромањолскиот, како и галоиталските говори на Сицилија и Базиликата. Галоиталските јазици можат да сметаат за галоромански или пак за северноиталијански говори.
Оилските јазици како арпитанскиот и ретороманските понекогаш се нарекуваат „галоретски јазици“.
Ибероромански
уредиИберороманските јазици се романските јазици застапени на Пиринејскиот Полуостров. Тие се:[3]
- западноибериските јазици:
- кастиљските јазици: шпанскиот и јудеошпанскиот (ладино).
- галисиско-португалските јазици: португалскиот, галисискиот, фала и уругвајскиот португалски (портуњол).
- астурлеонските јазици, од исток кон запад: кантабрискиот, астурскиот и леонскиот. Од север кон југ, тие се: леонскиот, мирандскиот, естремадурскиот и баранкушкиот говор на португалско-шпанската граница.
- пиринејските мозарапски јазици: арагонскиот и изумреиот мозарапски јазик. Се нарекуваат западноибериски јазици.
- источноиберискиот јазик или каталонски: обично се смета за дел од окситанско-романските јазици.
Наводи
уреди„Западноромански јазици“ на Ризницата ? |
- ↑ David Dalby, 1999/2000, The Linguasphere register of the world’s languages and speech communities. Observatoire Linguistique, Linguasphere Press. Volume 2. Oxford.[1] Архивирано на 7 февруари 2020 г.
- ↑ [2]
- ↑ 3,0 3,1 Nordhoff, Sebastian; Hammarström, Harald; Forkel, Robert; Haspelmath, Martin, eds. (2013). "Western Romance". Glottolog. Leipzig: Max Planck Institute for Evolutionary Anthropology.