Железниот Човек (филм од 2008)

филм од 2008 г.

Железниот Човек (англиски: Iron Man) — американски суперхеројски филм од 2008 г., режиран од Џон Фавро и со Роберт Дауни Помладиот во главната улога. Сценариото го напишале Арт Маркум, Мет Холовеј, Марк Фергус и Хок Остби врз основа на стриповите на Marvel за авантурите на суперхеројот Железниот Човек. Тоа е првиот филм од Првата фаза од медиумската франшиза на „Кинематографската вселена на Marvel“ (КВМ). Според приказната, откако бил заробен од терористи во Авганистан, милијардерот пронаоѓач Тони Старк прави високотехнолошки костум и станува суперхерој познат како Железниот Човек.

„Железниот Човек“
Плакатот на македонски јазик
РежисерЏон Фавро
ПродуцентКевин Фајги
Ави Арад
Сценарист
  • Марк Фергус
  • Хок Остби
  • Арт Маркум
  • Мет Холовеј
Главни улогиРоберт Дауни Помладиот
Теренс Хауард
Џеф Бриџис
Шон Туб
Гвинет Палтроу
МузикаРамин Џавади
КинематографијаМетју Либатик
МонтажаДен Лебентал
Глен Скантлбери
Студио
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера14 април 2008 г. (Сиднеј)
2 мај 2008 г. (САД)
Времетраење126 минути[1]
Земја САД
Јазик
Буџет130 — 140 милиони долари[2]
Бруто заработка585,8 милиони долари[3]
СледенЖелезниот Човек 2

Содржина

уреди

Во пролетта 2008 г., Тони Старк, кој ја наследил „Stark Industries“ (Старк индустрии) од неговиот покоен татко Хауард Старк, патува во разурнатиот од војна Авганистан со својот пријател и потполковник Џејмс Роудс за да ја презентира новата ракета „Ерихон“. По презентациите, терористичката организација „Десет прстени“ го напаѓа конвојот од заседа, при што Старк е сериозно повреден од избувлива ракета развиена од неговата компанија. Тој е заробен и затворен во пештера. Заробениот научник Хо Јинсен му вградува електромагнет во градите на Старк за да го спречи шрапнелот што го повредил да влезе во неговото срце и да го убие. Водачот на организацијата „Десет прстени“, Раза, му нуди слобода на Старк во замена за создавање на ракетата „Ерихон“. Но и двајцата заробеници разбираат дека Раза нема да го одржи зборот.

Старк и Јинсен тајно создаваат минијатурен извор на енергија наречен лачен реактор за да го напојуваат електромагнетот на Старк и оклопниот костум што имаат намера да го користат за да избегаат. „Десетте прстени“ дознаваат за плановите на нивните заложници и ја напаѓаат работилницата. Додека костумот се полни, Јинсен го одвлекува вниманието на војниците, жртвувајќи се себеси. Откако ќе го облече костумот, Тони бега од пештерата, го уништува оружјето одземено од „Десетте прстени“ и одлетува. По слетувањето во пустината, Старк е пронајден од Џејмс Роудс и тие се враќаат дома. Старк свикува прес-конференција и објавува дека неговата компанија го прекинува производството на оружја. Извршниот директор на „Stark Industries“, Обадаја Стејн, долгогодишен партнер на Хауард Старк, го известува Тони дека неговата одлука може да ја уништи компанијата и наследството на неговиот татко. Дома, во својата работилница, Старк дизајнира технолошки понапреден и помоќен костум и го подобрува лачниот реактор. Неговата помошничка Пепер Потс го става стариот реактор во мала стаклена витрина и му го дава на Тони.

На еден добротворен настан, Старк дознава дека оружјето на неговата компанија неодамна било доставено до војниците на организацијата „Десет прстени“. Старк го облекува новиот костум, лета за Авганистан до селото Гулмира и ги спасува неговите жители од терористички напад. Додека се враќа дома, Старк е нападнат од два ловци Ф-22 „Раптор“. Тони се сврзува со Роудс по телефон и ја открива својата тајна самоличност во обид да го спречи нападот. Во меѓувреме, „Десетте прстени“ ги собираат остатоците од стариот костум на Старк во пустината и се среќаваат со Стејн. Излегува дека Стејн бил тој што ги снабдувал терористите со оружја и ги ангажирал да го убијат Старк и да ја преземат должноста извршен директор на „Stark Industries“. Стејн го обездвижува Раза со ултразвучен електрошоков пиштол, го зема оклопниот костум и ги убива војниците на Раза. Во обид да ги пронајде незаконските пратки на оружја, Старк бара од Потс да ја пробие базата на податоци на сметачот на Стејн. Таа дознава дека Стејн ги ангажирал „Десетте прстени“ да го убијат Старк, но организацијата се откажала кога сфатила дека имаат прав пат до оружјата на Старк. Потс го запознава Фил Колсон, агент на „Ш.Т.И.Т.“, и го известува за плановите на Стејн.

Научниците на Стејн не можат да го пресоздадат минијатурниот лачен реактор на Старк, па Обадаја го обездвижува Тони и му го краде реакторот од градите, оставајќи го да умре. Старк вметнува стар реактор од стаклената витрина во себе. Потс и неколку агенти на „Ш.Т.И.Т.“ се обидуваат да го уапсат Стејн, но тој го облекува костумот и ги напаѓа. Старк се впушта во борба со Стејн и ја губи моќта на реакторот. Битката ги носи Старк и Стејн на покривот на зградата на „Stark Industries“. Тони бара од Пепер да го преоптовари големиот лачен реактор што ја напојува зградата. Стејн на крајот е погоден од силен електричен удар, поради што паднал во реакторот што избувнал и умрел. Следниот ден, на прес-конференција, Старк јавно признава дека е Железниот Човек.

Во сцената по одјавната шпица, директорот на специјалната служба „Ш.Т.И.Т.“, Ник Фјури, го посетува Старк дома и му нуди да разговараат за иницијативата „Одмаздници“.

Улоги

уреди
Глумец Улога
Роберт Дауни Помладиот Тони Старк / Железниот Човек
Теренс Хауард полковник Џејмс „Роуди“ Роудс
Џеф Бриџис Обадаја Стејн / Железниот Трговец
Гвинет Палтроу Вирџинија „Пепер“ Потс
Џон Фавро Харолд „Хепи“ Хоган
Лесли Биб Кристин Еверхарт
Фаран Тахир Раза
Шон Туб Хо Јинсен
Кларк Грег Фил Колсон
Пол Бетани Џ.А.Р.В.И.С. (глас)
Семјуел Л. Џексон Ник Фјури (камео)
Стен Ли себеси (камео)

Наводи

уреди
  1. „Iron Man“. British Board of Film Classification. 9. 4. 2008. Посетено на 1. 9. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. „Iron Man (2008)“. IMDB. Посетено на 1. 9. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Iron Man“. Box Office Mojo. Посетено на 1. 9. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди